Home Археологија Разгледниците од археолошкиот локалитет Таор и моето враќање кон теренските истражувања

Разгледниците од археолошкиот локалитет Таор и моето враќање кон теренските истражувања

2,889 views
0
Патоказ кон археолошкиот локалитет Таор

Од утре неофицијално, а за некој ден и официјално стартува археолошкото ископување на локалитетот Градиште, во селото Таор, популарно познат како античкиот град Тауресиум, можеби родното место на императорот Јустинијан I. Таор е еден од моите омилени локалитети каде имам учествувано како дел од тимот во 2000/01 година и во меѓувреме со сосема скромни финансиски средства, прерасна во локација достојна за туристичко презентирање. Од лани овој локалитет е влезен во програмата на Владата како една од најприоритетните локации за истражување.

Разгледница од археолошкиот локалитет Таор

Покрај ископувањата кои континуирано се изведуваат од 2000 година наваму, во меѓувреме локалитетот доби своја бев страница, се поставија патокази, а во последниот период почнаа да циркулираат и поштенски разгледници со детаљи од локалитетот и наодите. Во однос на разгледниците, мојот колега и раководителот на ова ископување, м-р. Киро Ристов од Музејот на град Скопје вели:

Разгледница од археолошкиот локалитет Таор

”Едноставно тоа е уште еден начин да го доближиме, прикажеме и анимираме локалитетот до пошироката јавност. Покрај поставените патокази, резултатите што се објавуваат во медиумите за нашата тековна работа и објавената веб страна, разгледниците се само уште еден придонес и наш удел во таа насока. Се со цел локалитетот да си го добие местото во светското културно наследство. Се надевам полека и тоа се остварува, иако не чека уште многу работа тој поцелосно, би рекол и покомплексно да и’ се претстави и на научната јавност.”

Разгледница од археолошкиот локалитет Таор

После скоро четири години пауза, за прв пат се враќам да работам на терен во континуитет, бидејќи мојот последен ангажман на Скопското Кале во 2007 повеќе ме врза за секторот документација, отколку директно за теренот. Можеби еден ден на интернет ќе ги споделам и моите искуства од овој и од многу други терени. До тогаш за нив ќе сведочат моите Теренски белешки кои одвреме-навреме ги подигнувам на еден од сајтовите и видео клиповите кои ги правам во соработка со други блогери, љубители на културното наследство.

[youtube]rbAUu_kNfIc[/youtube]

Видео клипот е направен благодарение на volan во 2007 година.

Поврзани текстови:

Археолошкиот локалитет Градиште, с. Таор со сопствен веб сајт
Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор (2007)
По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?

Досие ,,ТАОР”

“Откриена” нова археолошка атракција – 2001-07-02
Јустинијана Прима најверојатно е во Таор 2001-07-06
Откриен панцир од византиски офицер 2001-12-27
Уредување на археолошкиот локалитет “Таоресиум” 2002-03-28
Откриени атриум и фурна 2002-09-14

ТАЈНИТЕ НА ЕДЕН ГРАД СЕ УШТЕ МИТ 2002

Јустинијана Прима на дваесет километри од Скопје? 2002-09-14
Ќе ја открие ли Таор мистеријата на Јустинијана Прима 2002-10-05
Дали Царичин град е родниот град на Јустинијан 2006-10-16

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here