Home Архео TV 2.0 Љубојна – како современо културно наследство

Љубојна – како современо културно наследство

6,211 views
2

Не постојат многу музички групи во Македонија кои можат да ме натераат да си ги преиспитам своите сопствени корени. Од древните задимени и правливи кафани во минатото каде со столетија се негувала македонската народна песна, па се до миксот од современи звуци и етно мелос кој македонскиот народ го носи во својот генетски код. Доволно автентично обоен со звуците на фолклорна изворна традиција, за да ни прикаже колоритност на еден свет за кој носталгично се присетуваме.

[youtube]qd19KfpsNQs&e[/youtube]

Притоа треба да си поет над поетите за да го опееш и да го натпееш најголемиот од сите, оној кој го сакал, живеел и го обожувал битот на својот народ – Петре М. Андреевски. Зошто ако некогаш Петре Андреевски воопшто ја замислил својата ненапишана книга како сублимат од своето творештво, тогаш таа мора да е спакувана под обвивките на вториот албум на Љубојна чиј наслов е според неговата истоимена поема од збирката „Дениција“. Инкорпорирајќи ја етно-музиката како основа за своите дела, надградена врз поезијата на Петре М. Андреевски, оплеменета со европски звуци, но доволно разбиена со призвукот на ориентот, етно-групата Љубојна светови отвора и стил дарува кој е свеж како духот на нашето совремие. Една креативна рамка енергично истражена, цврсто изградена и притоа космополитски настроена. Неповторливо оригинална, а притоа надградена со џез, фанки, рок и поп звуци, оваа музика ни раскажува за емоциите на едни луѓе таму во една земја, со сите нивни севременски радости и таги сместен во неколку минутни песни. Презентирајќи на овој начин дел од богатото македонско традиционално духовно богатство, постојат големи шанси да останеме запишани во разноликиот свет на народите. Колку може да биде долга човечката меморија ако не е запишана во некаков облик? Оти незапишано – неслучено!

[youtube]QkanBSaAA-w[/youtube]

Од оригиналот “Песна за мојата песна” (Дениција, 1968)

Доблеста и предноста помеѓу луѓето е во различноста. Или можеби во сличноста … Или само не потсетува на тоа дека културните разлики се она што не прават “луѓе”. Постојат многу ентитети кои Македонија може и ги дарува како дел од шаренилото на етнолошките идентитети. Но во моментов освен со ,,Танец”, “Синтезис” и “Баклава” баш и немаме со што многу да му се пофалиме на светов. Затоа музиката на Љубојна која е добар обид да се зачува дел од традицијата, ќе (ви) раскаже токму кои сме ние, од каде доаѓаме и што во себе носиме.

Не мора посебно да се објаснува што спаѓа во категоријата на нематеријално културно наследство. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човекот, а телото е само “музички” инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Не можеме да го избегнеме нашето невидливото богатство. Но, прашање е дали ќе го препознаеме? Зошто Љубојна и нивната музика се толку достојни за почит, што буквално треба да се заштитат со закон како културно наследство.

[youtube]tgU-2NdBCaQ[/youtube]

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here