Home Антропологија Денот на мртвите

Денот на мртвите

3,331 views
0

Од 24 Септември 2009 до 24 Јануари 2010 година British museum беше домаќин на изложбата Mexico: past and present. Програмата опфати изложба, документарни филмови, музички настапи, работилници и еден интересен начин да се доближи културата на владетелот Моктезума со правење на олтари.

[youtube]CsKJbQxWOiw[/youtube]

Фасцинантна ми е опсесијата на западот со Halloween и со журките од готик звуци во кои никогаш доста од балови, вампири, зомбија, проститутки, убиства, клетви, ѓаволи, убавици и недопрени делови од нашите мозоци. Имено,  ноќта на 31 Октомври (како и деновите помеѓу 1 и 2 Ноември) во Мексико и земјите од Латинска Америка е означен како DOTD (Day of the dead) и е многу интересна неговата релација со денот на вештерките кои во земјите на западна Европа е познат како Halloween и се слави исто така ноќта на 31 Октомври, само со различна иконографија. За сите љубители на мистериозната и вознемирувачка археологија, во online изданието на популарното списание Archaeology Magazin, може да се прочита цел серијал на текстови посветени на All Hallows Eve, стар келтски обичај, денеска прославуван како All Saints Day.

pumpkin

Денот на мртвите во Мексико е поврзан со прослава во чест на сите починати, па и покрај тоа што можеби звучи малку морбидно, тоа е всушност фешта исполнета со разнобојност и колорина имагинација. За време на настанот кој се наоѓа на листата на UNESCO луѓето ги посетуваат гробиштата, ги декорираат гробовите и се собираат во кругот на семејството и најблиските. Исто така прават и олтари во нивните домови, наречени ofrendas, за да им посакаат добредојде на духовите.

На темата за El Dia de los Muertos пее и еден од моите омилени готик музичари Voltaire

[youtube]WdHZjo1rVVM[/youtube]

[youtube]kmX4LwCBKzM[/youtube]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here