Home Едукација Геопаркови – можности и предизвик за Република Македонија

Геопаркови – можности и предизвик за Република Македонија

19 views
0

🇲🇰 На 09.10.2024 бев еден од панелистите во дискусијата на тема ,,Геопаркови – можности и предизвик за Република Македонија“, којашто се одржа на факултетот за природни и технички науки, Кампус 2 при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во организација на Македонското геолошко друштво (МГД) и Македонското еколошко друштво (МЕД).

🏛️ На оваа панел дискусија инспирирана од „Меѓународниот ден на геодиверзитетот“ за првпат официјално меѓународно прославен во 2021 од страна на УНЕСКО, збор земаа повеќе експерти пред сѐ од областа на природното наследство, во контекст на поддржување на идејата за формирање на геопаркови во Македонија. На панелот настапија академик проф. д-р Блажо Боев, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Ивица Милевски, проф. д-р Славчо Христовски, м-р Василка Димитровска и м-р Влатко Трпевски, додека пак модератор беше д-р Билјана Гичевски.

📷 UGD Stip

👥 Бев пријатно изненадена од големиот број присутни во публиката, што значи дека идејата за геопарк во Македонија е реална и интересна за повеќе засегнати страни.

🏞️ Геопарк е дефиниран простор со геолошко значење, кој има за цел заштита, едукација и одржлив развој. Преку интерпретација на наследството, локалната заедница може да учествува во раскажување приказни за геолошките карактеристики, културната историја и природните ресурси, што помага во зајакнување на нивниот идентитет и развој на туризмот.