web analytics

Обука за менторство за конкурсот „Млади европски креатори на наследство“

 

Сакаш ли да учествуваш во конкурсот на „Млади европски креатори на наследството“ и да добиеш награда?

Сакаш ли да бидеш ментор на група деца кои ќе добијат таа награда и ќе отпатуваат во Стразбур?

Млади европски креатори на наследство е конкурс за деца и млади луѓе за поттикнување на истражување и откривање на нивното наследство, како и за креативно изразување поврзано со него!

Децата се иднината на заштитата и промоцијата на наследството и сите сакаме да дознаеме како тие го разбираат природното и културното наследство, како ги одбираат и истакнуваат своите творби, и како идните креатори на наследство се поврзуваат едни со други. За да го сторат тоа на младите им е потребен ментор кој ќе ги води низ процесот. По учеството во активностите и менторството, групите на млади луѓе можат да учествуваат во конкурсот преку креирање видео или визуелизација што ја прикажува нивната интерпретација и артикулација на културното наследство што е важно за нив.

Организација: ХАЕМУС Логистичка поддршка: Здружение на просветни работници на град Скопје Предавач: м-р Василка Димитровска Гостин: д-р Ирена Ружин Датум: 07.12.2022 Време 18-19:30 часот Место: Online на Google meet Котизација: 900 денари Последен рок за уплата: 05.12.2022

На овој конкурс може да учествуваат сите млади луѓе во Македонија кои се заинтересирани за природното или културното наследство што ги опкружува, поделени во групи на возраст од 6-11 години и од 11-17 години. Конкурсот е организиран од Европските денови на наследството, најголемото обележување на културните настани во Европа – и ќе кулминира со специјална изложба на Советот на Европа во Стразбур. Тоа е истата манифестација на која со ХАЕМУС ја добивме наградата за најдобра европска приказна во 2020 година за проектот „Денот на Баба Марта“ и благодарение на финансискиот грант од Советот на Европа и Европската комисија успеавме да создадеме цела палета на креативни алатки за Обичајот Мартинки, нематеријално наследство впишано на светската репрезентативна листата на УНЕСКО чијшто правен носител за Македонија е ХАЕМУС.

Бараш оригинални и креативни интерпретации за да:
  • Одржиш работилница или група за дискусија
  • Направиш потрага или лов на богатство
  • Организираш посети на локалитети на културно наследство
  • Поттикнеш меѓугенерациско учење
Со оваа работилница добиваш информации, инструкции и примери од областа на интерпретација на наследството коишто може практично да се применат во секојдневната работа со деца и млади, но ќе ти бидат од голема помош за конкурсот „Млади европски креатори на наследство“. Дополнително добиваш:
  • Информации како да конципираш проект и да добиеш грант и парична награда од Советот на Европа
  • Материјали и брошури во твоето е-сандаче кои ќе ти послужат како инспирација
  • Вмрежување со професионалци од областа на едукацијата и педагогијата
  • Размена на искуства од м-р Василка Димитровска и д-р Ирена Ружин кои со години водат успешни проекти во рамките на манифестацијата „Европски денови на наследството“
Исто така добиваш одговори на прашањата поставени за конкурсот:
  •  „Што претставува културното наследство за вас?“
  • „Што е уникатно за вашето локално наследство; што е заедничко со европските земји?“
  • „Како можеме да ги презентираме приказните за културното наследство со слики и зборови?“
За кого е наменета оваа работилница? 

Работилницата е наменета за сите професионалци кои работат со деца и млади од 6-18 години: воспитачи, наставници, професори, педагози, едукатори, тренери, инструктори, ментори и тутори.

Василка Димитровска е магистер по археологија, менаџер и креативен директор на ХАЕМУС, консултант и лиценциран интерпретатор за наследство. Од 2011 таа е соработник на National Geographic Society; од 2017 благодарејќи на мултинационалната апликација, станува правен носител на Обичајот Мартинки во УНЕСКО. Нејзиното портфолио е богато со организации на големи научни конференции, изложби, настани, како и консултации, обуки и тренинзи наменети за менаџмент и промоција на културното наследство на Македонија и Балканот. Во својата професионална кариера работела на многу проекти и раководела тимови и програми, а како консултант за наследство соработува со индивидуалци, институции и компании од различни индустрии кои ја допираат оваа тематика. Исто така има огромно искуство во образованието, младинските служби, работата со локалните заедници и работењето со групи млади луѓе.

Во рамките на својата организација ХАЕМУС, Димитровска е креатор на неколку програми кои остваат длабока трага кај многу генерации: „Денот на Баба Марта“, програма за негување, едукација и промоција на Обичајот Мартинки впишан во Репрезентативната листа на УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство; „Scupini Romani“ – програма наменета за едукација и промоција на античката римска култура и наследство и „Млад истражувач“ – едукативна програма со педагошки карактер која има своја сопствена издавачка едиција. Сите три програми се создадени како преплет од интерпретацијата на наследството и креативните индустрии и покрај едукативниот и педагошки карактер, претставуваат и примери за самоодржливи програми кои придонесуваат за социо-економскиот развој на локалната заедница.

Д-р Ирена Ружин работи во Националната установа Завод и Музеј Битола, Македонија, повеќе од 27 години. Таа е член на повеќе меѓународни професионални здруженија и одбори, советник во неколку институции. Професионално работи во областа на музејски маркетинг и едукација за културно наследство со студенти, возрасни, ранливи групи, а веќе неколку години и со лицата со различен тип на попреченост. Вклучена е во управување со меѓународни и национални проекти, поврзани со културен туризам и стратегии за одржлив развој на туризмот.

Нејзиното знаење, стекнато на многу меѓународни обуки, меѓународни специјализации и студиски посети, меѓународни конференции и симпозиуми, континуирано го споделува со нејзините колеги од Балканот, здруженија на граѓани, училишта и особено во својата матична музејска институција. Таа е член на Управниот одбор на Балканската музејска мрежа и претставник од Македонија во Балканската група за пристапност на музеите.

Дополнителни информации за „Конкурсот за Mлад европски креатор“ можеш да најдеш и во нашата видео порака.

Дококу ти се потребни повеќе информации, контактирај ме на info@arheo.com.mk[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
error: СОДРЖИНАТА Е ЗАШТИТЕНА !!