Под теминот популаризација на културното наследство се подразбираат сите активности чија цел е негово доближување кон пошироката јавност. Тука спаѓаат: објавување популарна литература на теми од културното наследство, подготовка на јавни презентации преку театарски и музички претстави, ликовни и други изложби, пишување по блогови и тн.
Затоа во овој пост ви го презентирам археолошкиот локалитет Бразда кој се наоѓа во рамките на истоименото скопско село. Се работи за еден повеќеслоен локалитет прилично хетероген по своето културолошко потекло, чие инфо може да се прочита во краткиот напис од Македонската Википедија кој го поставив во рамките на Проектот: Археомак 2.0, а е во целост превземен како цитат од Археолошка карта на Македонија, Том 2.
Градиште – Бразда (Скопско) е утврдена населба од железното, раноантичкото, римското и доцноантичкото време. Се наоѓа на високиот рид што се издига 70 м над околината, обграден од двете страни со Чучерска Река. На врвот има плато со површина од 4,5 хектара, кое паѓа терасесто кон север и југ и на кое се наоѓаат остатоци од утврдена населба.По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. На акрополот, врз предримскиот опидум бил изграден доцноримски кастел со квадратна основа и со димензии од 110 х 90 м. 0дбранбените ѕидови се градени од камен и варов малтер и имаат ширина од 1,70 м.
Со ископувањата во 1986 година се откриени дел од работилница за преработка на метал (оловна руда) и керамика од 5-4 век пред н.е. Во северното подножје е откриена раноантичка гробница градена од делкани блокови од травертин кај која се разликуваат две фази на градба. Меѓу многубројната жртвена керамика има повеќе антички црвено фигурални вази од крајот на 5 и раниот 4 век пред н.е. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Како што може да се забележи од горенаведеното, локалитетот во Бразда крие огромни наслаги на културно наследство моментално забарикадирани со прекрасна вегетација. На следниот видео клип кој го снимив во септември 2007 година, можете да се уверите како изгледа истиот локалитет дваесеттина години подоцна , кога појдов со моите колеги да видам како е згрижено ова непроценливо богатство од особено значење за нашата држава. Разликата е очевидна особено по однос на запуштеноста на локалитетот. За негова презентација во моментов не станува ни збор.
[youtube]wr5J18NWFfM&[/youtube]
Навистина држава како Македонија би била одличен пример за набљудување на феноменот: многу зборувам, се мавам во гради, ама малку правам. Пример за тоа е општината Бутел која се ,,потепа” за Аквадуктот оти бил на нејзина територија. Дури и ме нападнаа што така ревносно пишувам против нив, ама сепак сите мои постови ги поставија на нивниот официјален сајт. Им благодарам што моите написи не ги сватија како напад, туку како позитивна критика за подобрување на ситуацијата во која се наоѓа овој објект.
Веќе дваесеттина години светот се справува со нова мода: да прогласи споменик на културата без на него да има човечки траги. Ние и она кое го имаме не можеме да го сочуваме, а камо ли да го презентираме. Тешко се справуваме со третирањето на нашите локалитети и во културен, и во рурален предел. Нем сведок за тоа е токму монументалниот објект во селото Бразда крај Скопје, кој е само еден од стотиците примери на почнати, а запуштени археолошки локалитети.
Во меѓувреме Владата даде изјава дека Македонија и Франција потпишале Конвенцијата за валоризација и популаризација на македонското културно-историско наследство. За да се презентира едно културно наследство, пред тоа мора да биде добро стокмено. Кој турист (па и домашан) сака да види незгрижени објекти, згора на тоа и без локација на мапите кои и онака нема каде да ги најде. Капак на ова се и туристичките водичи кои нема каде да се купат бидејќи не постојат. Не може туку така да се прерипаат неколку витални еволуциони точки во развитокот од моментот на откривањето до конечна презентација на едно национално богатство.
Во Законот за заштита на културното наследство на Република Македонија постои дефиниција што е тоа “Валоризација”; но во истиот тој Закон не постои дефиниција за тоа што се подразбира под “терминот” популаризација. Затоа дефиницијата постои во македонскот речник. Таму терминот ,,популаризација” е попознат како вулгаризација.
Употребена литература:
1.CD-RОМ ,,Македонски Древности“, 1999, Скопје.
2. Археолошка карта на Македонија, Том 2, МАНУ, 1996, Скопје, стр.364-365.
3. Проект за заштита на културното наследство – Џејмс Семп Кер, 2005, Магор.
4. Законот за заштита на културното наследство на Република Македонија
5. Повелбата од Венеција
6. Повелбата од Бура
[…] земја како Република Македонија би можела да прави презентација на археолошките локалитети, кога повеќето од нив се веќе загрозени, да не […]
[…] на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото култ… САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – […]
[…] на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото култ… САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – […]
[…] текстот е репринт […]
[…] […]
[…] Од праисторијата до денес, сите новокомпонирани народи се синтеза на култури и на биолошки комбинации. Дефинирањето и врамувањето на еден народ во крути рамки е скоро невозможно оти “народот” не е еден народ, туку конгломерат, културна мешавина. Кога веќе зборуваме за субстрати кои довеле до формирањето на денешната македонска нација и лажните дилеми дали Македонците се антички или словенски, кој ќе ми забрани да кажам дека чувствувам оти -”Во моите вени тече Пајонска крв“! Зошто при споменување на древните “домородни населенија” Пајонците се неправедно запоставени, а со тоа да кажеме и Пелагонците, или Бригите (Фригите) итн …? Во исто време со кралството на Античките Македонци, на територијата на денешна Република Македонија егзистирало кралството на Античките Пајонци кои биле по многу нешта слични, но и различни од Македонците, а во еден историски момент биле покорени од нив и претворени во вазали. Во јавноста многу малку се знае за Пајонците, и покрај постоењето на научни публикувани трудови, а да не зборуваме пак за нивните запуштени монументални гробници кои се наоѓаат околу Скопје. […]