Home Археологија Бескуќници во времето

Бескуќници во времето

6,875 views
5

 

Дали постои универзално објаснување за текот на историјата? Технолошкиот напредок со својот моментално најпопуларен облик, Интернетот, ни го покажува токму спротивното. Илјадници прикаски, записи, информации ги пополнуваат сите оние дупки кои со текот на столетијата ги направила историјата. Во нив не постои линеарен ток на настаните и присутни се сите елементи кој го реметат тој ток; кои наметнуваат дуализам, фрагментација, со сите свои грешки и прекршувања. Оти историјата ја пишуваат победниците и во присуство на записи кои селективно третираат историјат, мислења или податоци само за видни личности, немаше денеска да се соочуваме со дупки во колективната меморија на човештвото.

Истовремени истории има онолку колку што има луѓе на планетава земја. Сајтовите и блоговите се најдобрите докази за белешките на еден културен ентитет. Подобри и од најдобрата дигитализација на културното наследство на еден народ. Затоа и се толку важни. Како што е важно истите тие веб сајтови, блогови и интернет записи да бидат архивирани заради историчноста на настаните. Доколку тоа не се случи во догледно време, би можело да настане т.н. “digital dark age”, во кое ќе останат закопани многу историски податоци, а луѓето ќе се соочат со уште поголеми дупки во врска со одредени настани.

Се чини исто така дека контролата на информациите е огромна, токму во времето кога сите имаат пристап до неа и сите можат да ја “произведат” истата. Тогаш дали може да се контролира протокот на информацијата ако веќе доаѓа од толку различни извори кои самите ја создаваат? Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја. Со толку многу паралелни алтернативни извори на информации we are in a lot of trouble to which source to believe. Или со други зборови кажано “Дали мојата моментална, е и твоја моментална историја”? И чиј запис е поверодостоен? Оној кој ќе остане потраен?

Во сета оваа бркотница, прашање е колку културното богатство на една земја е сигурно. Но не од безбедносен, туку од научен аспект. Зошто и интернет меморијата може да биде многу селективна. Ова е поради фактот што сите го доживуваат Интернетот како “глобално село”, иако не знаат кај му е сределото. И без разлика што минатото може да се користи за да се изгради локален или регионален идентитет, денеска најголемиот проблем е всушност глобализацијата која содржи распрчкани пачворк културни елементи кои им припаѓаат на сите, но всушност не припаѓаат никому посебно.

Еден пример за одбрана против национализмот е обидот во рамките на EU да се изгради заеднички европски идентитет по истиот модел кој бил користен во митовите од 19 век при создавање на националните идентитети. Доказ за ова се сите оние големи проекти финансирани од EU со кои културните и националните граници се бришат или стануваат се побледи за сметка на создавање нов идентитет. Но постои и спротивна тенденција. Колку е појака глобализацијата, толку создавањето на нови граници и културни одредници е поголемо. Како никогаш досега историјата, археологијата и националните симболи се користат како непобитни докази. Темата сама по себе е проблематична бидејќи минатото може да се искористи како за позитивен и легитимен поттик на идентитетот, така и за негативен. И колку што е денеска културното наследство “in”, исто толку е популарен и идентитетот, сопствениот и колективниот. Но не се ли чувствуваат луѓето како бескуќници со сета ова “навидум” силна поврзаност на место-време-простор во кибер просторот?

5 COMMENTs

  1. или-колку повеќе и полесно навлегуваме во вистината (историјата,итн
    толку повеќе се околу нас ни изгледа невистинито

  2. Obezlicuvanje na licnoto,oblikuvanje na bezlicnoto,Progresot i Degeneracijata mislam e odlicne tema za pisuvanje ,k

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here