Home Археологија Квази или наука на камен или мост

Квази или наука на камен или мост

5,630 views
4

Во последните 2 дена на мојот профил на facebook се разви една дебата за стручноста на господинот Васил Иљов. Повод за тоа беше линкот до една негова колумна во весникот Нова Македонија насловена како ,,За македонскиот цар Филип Втори Македонски“.

Овој човек со сето свое “стручно знаење” го направи Камениот Мост онаков стерилен и ја урна кулата (поточно михработ) што беше на него. Колку за информација Васил Иљов не е ниту археолог, ниту конзерватор, како што милува да се потпишува под своите колумни во весникот Нова Македонија, туку архитект. Тоа што современиот преобликувач на Камениот мост во Скопје работи(-ше) во Градскиот Завод за Заштита на Спомениците на културата не му дава за право да се кити со туѓи перја. Но да го оставиме тоа настрана.

Комплетна хронологија на преписката за и околу Камениот мост помеѓу него и одредени интелектуалци може хронолошки да се следи на интернет онолку, колку што дозволуваат архивите на весниците:

Васил Иљов – Време на премолчена вистина
Коста Балабанов – Камениот мост не може да се прави според желбите на Васил Иљов
Васил Иљов – Господе прости им не знаат што прават
Коста Балабанов – Без ниту еден релевантен, научен или каков било доказ

Овој линк го постирав намерно. Целта ми беше да укажам на случајот со Камениот мост во Скопје кој е јасен доказ дека сомнителни научници можат да имаат силно влијание во заедницата, државна поддршка и субвенции, а сето ова преку умешно преправање на фантазијата во квази-научен јазик, симуларана научна дебата и контекст.

Уште повеќе што на истите овие луѓе преку употребата на Интернетот во одредени медиуми (како што е во случајов Нова Македонија) им се овозможува да добијат средство за стекнување на популарна поддршка. Како тогаш да се направи разлика помеѓу вистинска наука и квази-наука?

А мене стварно не ми е јасно како може Нова Македонија да отстапи простор за колумна на еден ваков “професионалец”. Еве некои хајлајти од текстот за Филип II:

– ги поставил сите здрави темели на македонската демократска монархија и на македонскиот империјализам

– ја прославил Македонија со најголемо во историјата на човештвото непрегледно Македонско Царство, со територија од 3,8 милиони квадратни километри

WTF – што би рекол еден мој пријател – можностите за критика се скоро непрегледни. Исто како и територијата на Македонското Царство кое го воспоставил самиот Филип.

4 COMMENTs

  1. Во текстот од Васил Иљов за Филип Втори особено ми го привлече вниманието следното: „…Околу 1898 год. проф. Венијамин Уилер за Филипа рече: „Тој, несомнено, бил велик човек…“ од следните причини:

    Прво, оти изгледа како самиот Иљов да го чул професорот како го кажува тоа за Филипа. Што не ми се чини возможно, со оглед на годината на кажаното (а не дадено извор).

    Второ, оти очевидно е препишано од некој бугарски извор, оти македонскиот и бугарскиот јазик на поинакви начини ги пренесуваат странските имиња. На нашки би бил Бенџамин Вилер. Необрнувањето внимание на вакви детали е важен индикатор на капацитетот и сериозноста со која се гради било кој аргумент.

  2. Tekstot na Iljov nema nisto za kritika,kako sto nema ni tekstot na Balaban.
    no koj se tie da se zanimavaat so rabotata na Milosh i Lenche kade shto spagja sevo ova.
    I te molam obichen arhitekt?Pa kade go ima toa?
    Profesijata Arhitekt e mnogu ceneta ….koregiraj se zatoa sto e golema glupavost.
    Arhitektite se mnogu povrzani so Arheologijata,so konzevriranjeto i tieimaat podatoci
    koj najverojatnotimozebi dolgi godini ke gi nemash.

  3. Мислам дека дополнување на целата оваа сторија е “муабетот” кој незванично кружи по градот. Дека сега Скопје има Камен мост од “бетон”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here