Home Археологија Што означува ‘heritage value-based interpretation’ според УНЕСКО

Што означува ‘heritage value-based interpretation’ според УНЕСКО

188 views
0
📷 Iva Klarić Vujović

Преку работата со ХАЕМУС, но најмногу преку програмата Storytelling Skopje каде катадневно ми поминуваат илјадници учесници во различни активности, можам да посведочам дека интерпретацијата не само што ја менува перцепцијата на луѓето за природното и културното наследство, туку го менува и начинот на живот како се однесуваат кон неговата одржливост. Сега како сертифициран тренер по интерпретација на наследството, ќе имам можност моето знаење и искуство да го пренесвам на сите заинтересирани.

Моделот на Interpret Europe за интерпретација (толкување) на наследството по 3 години тестирање, Регионално биро на УНЕСКО во Венеција го адаптираше и го прифати под терминот ‘value-based heritage interpretation’, со што стартуваше и заедничката иницијатива на овие две организации под името “Learning Landscapes“.

Интерпретацијата на наследството е непроценлива алатка за помош на локалитетите впишани како Светското наследство за да ги истакнат вредностите на УНЕСКО, правејќи ја интеракцијата со наследството поинклузивна, подостапна за сите и повозбудлива како образовно искуство за одржлив развој и глобално граѓанство.

Матео Росати, Заменик-раководител, Оддел за култура, Регионално биро на УНЕСКО во Венеција

Со Матео Росати, заменик-раководител, Оддел за култура, Регионално биро на УНЕСКО во Венеција,за време на летната школа за тренери во Врсар (24-28.06.2024, Хрватска) организирана од Interpret Europe + UNESCO Venice

Едноставно преведено, се работи за концепт на наследството којашто е базиран на вредности. Овие вредности во интерпретацијата се засновани на основните потреби важни за човештвото како што се демократија, еднаквост, почит, мир, благосостојба итн. Кога на нив ќе се додадат и оние 17 цели за одржлив развој на УНЕСКО, се добива комплексен модел кој веројатно би станал составен дел од имплементацијата на сите менаџмент планови на УНЕСКО локациите низ цел свет. Кога ќе помине тест периодот, овој модел многу лесно може да се преслика и на сѐ друго во рамките на наследството. Ова ќе го обликува начинот на којшто се развива толкувањето на наследството на локалитетите заштитени од УНЕСКО и ќе се користи за образование и за одржлив развој на локалните заедници