Home Едукација Едукативна обука за менторство за манифестацијата „Европски денови на наследството“ 2024

Едукативна обука за менторство за манифестацијата „Европски денови на наследството“ 2024

120 views
0

Сакате ли да учествувате во манифестацијата „Европски денови на наследството“ со свој проект и на тој начин тоа да се стекнете со право да аплицирате на една од двете грантови шеми кои оваа манифестација ги нуди? Во една оска спаѓаат „Приказните на европските денови на наследството“, а втората им припаѓа на „Младите европски креатори на наследството“.

Во 2020 на конкурсот распишан во рамките на „Европските денови на наследството“, ХАЕМУС ја доби наградата за ‘The Best European Heritage Story”, за проектот „Денот на Баба Марта“ и благодарение на финансискиот грант од Советот на Европа и Европската комисија успеавме да создадеме цела палета на креативни алатки за Обичајот Мартинки, нематеријално наследство впишано на светската репрезентативна листата на УНЕСКО чијшто правен носител за Македонија е ХАЕМУС. Подоцна нашето менторство на проектот „Македонска традиција“ на OOУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, под водство на одделенскиот наставник Тања Петков и нејзиното тогашно II 1 одделение, во 2023 ја доби наградата за најдобри „Mлади eвропски креатори на наследство“. Во успешната реализација на обата проекта како консултант и ментор беше влучена и м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС.

„Европските денови на наследството“ се заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија. Претставуваат широко прифатен партиципативен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 70 000 настани коишто се организираат истовремено во педесет држави, оваа иницијатива има за цел да ја подигне свесноста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, оваа манифестација прераснаа во најголем европски проект поврзан со природното и културното наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните во однос на нивното локално наследство.

Дали знаете доколку сте училиште, институција и/или граѓанска организација од областа на природното и културното наследство, може се вклучите во оваа манифестација со свој проект, а со тоа имате голема можност да аплицирате и за грантовите до 10 000 евра кои оваа манифестација ги доделува. Во случајот со апликацијата за „Mлади eвропски креатори на наследство“, поднесениот проект може да биде дури и од неформална група на граѓани.
На 26.08.2024 ХАЕМУС организира специјална онлајн работилница која може да Ви помогне во реализација на Вашите идеи. Ќе се споделат искуства од нашите награди од Европската Унија, а следствено на тоа и проектите коишто дошле како резултат од грантовите и финансиската поддршка која сме ја добиле. Предавач ќе биде м-р Василка Димитровска, а наши гости ќе бидат Јасмина Котевска, добитник на наградата „Европски приказни за наследство“ во 2019 и Тања Петков, добитник на наградата за „Mлади eвропски креатори на наследство“ во 2023.

Целта на обуката е да се оспособат ментори за креирање на проекти во согласност со европската димензија на манифестацијата која оваа година се одвива по мотото „Наследство на рутите, врежувањата и поврзувањата“, со цел активно да се вклучат во „Европските денови на наследството 2024“ коишто во Македонија скоро секојпат се одржуваат околу средината на месец септември.

По пријавувањето во Вашето e-mail сандаче ќе ги добиете инструкциите за уплатата. Благодарност до „Здружението на просветни работници на град Скопје за логистичката поддршка“.

Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/4dmqB3D
Линк за пријавување: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdjMfwnLt6iuc…/viewform