Home Cпонзорирано Кога Градското поглаварство на Скопје сакаше да направи музеј од кафеана

Кога Градското поглаварство на Скопје сакаше да направи музеј од кафеана

4,026 views
0

Со оглед на рекламите во весниците кои излегувале во периодот помеѓу двете светски војни, би можеле да кажеме дека најомилена забава на скопјани била посетата на скопските кафеани. Според еден податок во весникот ,,Наша Србија” , во 1924 година бројот на јавните локали, кафеани, подруми и бифеа во Скопје изнесувал 300. Типот на угостителските објекти бил најразновиден – кафеани, подруми, пивници, барови, бифеа, крчми, меани, хотели и др. Тие им пружале најразновидна забава на своите посетители, од дневни матинеа, вечени журки, прослави на Нова година, родендени или други поводи.

Од 1880 година наваму, овој начин на забава кај скопјаните нагло почнал да попушта. Поголем дел од жителите почнал да излегува на забави по кафеаните и пивниците, кој напјпрво околу Вардар, почнале да никнуваат една по друга.

Kafeanata Islahane - Hazdi Vasiljevic
Кафеаната ,,Ислахане” пред 1930 година

Се поголемиот број на дојденци од другите градови на Европа, го условил и подобрувањето на кафеаните, пивниците, кината и хотелите. Една од подобрите кафеани била и онаа кај Ислахане.”…

Хаџи Васиљевић, Ј. (1930), стр. 175-176.

Во 1930 година, градските власти имале идеја објектот на тогашната кафеана ,,Ислахане” во паркот ,,Идадија”, да ја направат општински музеј. До тогаш, кафеаната била општинска сопственост и била изнајмена на приватен газда. Не е познато поради која причина општината се решила на ваков потег, еден објект од типот на јавна кафеана да пренамени во музејска зграда, но за оваа намена била изработена дури и детална техничка документација.

109 003_ (3644).
Паркот ,,Идадија” во Скопје со кафеаната ,,Ислахане”

Во меѓувреме Градското поглаварство се откажало од идејата, комплетно го реновирала објектот со општински пари во облик на мала палата и повторно го изнајмила како кафеана во 1937 год. Објектот го продолжува својот живот и по Втoрата светска војна, но со поинакво име кое денес старите скопјани го паметат како ,,Кермес”. Верувам дека некои од вас не само што ја паметат кафената, туку имаат и случувања поврзани со неа 🙂

Plan_za_opstinski_muzej_kafana_Islahane
Планот за општински музеј на кафеаната ,,Ислахане” во градскиот парк на Скопје

Во дневните весници во 1930-тите години се наведува дека покрај одреден број на познати кафеани, имало голем број и на други кафеани по кривулестите и мали скопски улички, но тие не биле толку интересни за пошироката кафeанска публика, туку за странците кои се на пропатување. На една таква атмосфера се осврнува и писателката Ребека Вест, која била на пропатување во Скопје во 1937 година.

Kafean_Islahane_Kermes
Кафеаната ,,Кермес”, како што ја паметат старите скопјани

Текстот е адаптиран и делумно преработен од оригиналниот научно-истражувачки проект на ,,ХАЕМУС” насловен како ,,Студија за Дебар Маало, нематеријално културно наследство – изработка на студија за дефинирање на Боемскиот кварт како културна атракција врз основа на културно – историскиот и антрополошкиот контекст во последното столетие, со акцент на првата половина на 20 век”, нарачан и поддржан од општина Центар.

Библиографија:

[1] Аноним, ,,Наша стара Србија”, бр. 18, 1924, 2.
[2] Хаџи Васиљевић, Ј. (1930), Скопље и негова околина, Београд, стр. 175-176.
[3] ДАРМ – одделение Скопје, Фонд: (1), книга 64, Градско поглаварство на општината на град Скопје (Суд на општината на градот Скопје) – техничко одделение (1918-1941), архитектонски отсек, угостителство и туризам.
[4] Коцевски, Д. (2017), Славниот хотел ,,Москва”, Скопски легенди, Скопје, стр. 11-13.
[5] West, R. (1946), Black Lamb and Grey Falcon II, London, стр. 16-17.
[6] Архива на Музеј на град Скопје

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here