УНЕСКО Тура низ Источниот плански регион
по повод Меѓународен ден на музеите 2016
Меѓународниот денот на музеите е прослава која во светот од 1977 година па наваму, традиционално се организира на 18. мај. Во нејзините рамки се вклучени илјадници музеи од светот, а се практикуваат најразлични настани како посети на археолошки поставки, тури до локалитети и изложби кои се дел од локалните музеи, а треба да го привлечат вниманието на луѓето пред се кон сопственото културно-историско наследство. До 2013 година, настанот ги урна сите рекорди со учество на околу 35 000 музеи од 143 земји во светот, кои беа домаќини на најразлични случувања.
Оваа година Меѓународниот ден на музеите, тематки е насловен како ‘Културен пејсаж’. По овој повод “УНЕСКО Клубот ХАЕМУС“ – Скопје во соработка со Музеј на град Штип, а поддржан од програмата “Go2Macedonia” на Т.А. Арботравел, ќе реализира целодневна ексурзија насловена како ,,УНЕСКО Тура низ Источниот плански регион”.
Целта на оваа тура преку промоција на Меѓународниот ден на музеите е да се обрне вниманието на јавноста на најмалку една институција од овој тип која го згрижува нашето богато културно наследство, во случајот Музејот на град Штип. Симболиката на годинешната тематика ‘Културен пејсаж’ се согледува во посета на повеќе културно-историски споменици од културниот пејсаж на градот Штип. Како освежување и дополнување на турате е вклучен ритуалот ‘Четрсе’, ставен на листата на нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО како живо наследство на Република Македонија.
[youtube]6fkZAN5y220[/youtube]
Итинерар: Турата започнува со посета на Штип, градот кој е домаќин на обичајот ,,Четр’се” ставен под заштита на УНЕСКО во 2013 год. како нематеријално културно наследство на човештвото. По пристигнувањето во Штип, групата се искачува на Исаро – тврдината над градот, каде се објаснува и визуелно обичајот ставен на листата на УНЕСКО. Потоа се посетува Музејот на град Штип, кој е номиниран за наградата Жива, која ја доделува ,,Форумот на Словенски култури”, со седиште во Љубљана, а по посетата на црквата Св. Никола со прекрасната галерија на фрески, се прави пазуза за освежување и ручек. По паузата за ручек, турата продолжува кон Баргала, археолошкиот локалитет и епископско седиште кое егзистирало во рамките на овој доцноантички град. Турата завршува доцна попладнето на зборното место во Скопје.
Во цената на турата е вклучено:
Превоз Скопје-Штип-Баргала-Скопје
Посета на Исарот – тврдината над Штип
Посета на Музејот на град Штип
Посета на црквата Св. Никола со галеријата на фрески
Посета на Баргала
Цена: Цената на турата е 650 мкд. и од 02.05.2016 (понеделник) ваучерите ќе можат да се купат во Т.А. Арбо Травел на бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, Скопје (Бизнис Центар Буњаковец).
Датум: 15.05.2016 (недела)
Зборно место: Дрводекор
Време на поаѓање: 07:30 ч.
Времетраење: 9-10 часа
Јазик: Македонски
Цена: 650 мкд. по човек (Ваучерите се ограничени и се купуваат во T.A. Атбо Tравел)
Водич: Димитровска Василка, магистер по археологија и професионален туристички водич
Организатори: Хаемус – центар за научно истражување и промоција на културата, Т.А. Арбо Травел и Музеј на град Штип.
* * *
За Меѓународниот ден на музеите, ХАЕМУС, T.A. Арбо Tравел и Музеј на град Штип ви посакуваат многу дружење, забава да научите и по нешто ново за својата и за другите култури и обичаи со кои сме секојдневно опкружени.