Home Археологија Работилници за камени алатки – Приказни врежани во камен

Работилници за камени алатки – Приказни врежани во камен

2,893 views
0

banner-workshop-stories-written-in-stone

Некој сака антика, некој романика, а јас цел живот сакам да ги истражувам, проучувам и публикувам збирките на камени алатки од праисториските локалитети низ Македонија. Моето животно и работно искуство опфаќа огромен број на ископувања, проекти и работа со најдобрите балкански и светски експерти од оваа субспецијализација во археологијата.

Во изминатиот период, на мое големо задоволство, имав чест во рамките на ХАЕМУС да организираме серија на работилници за камени алатки. Работилниците се одвиваа во Музејот на Старата скопска чаршија и претставуваа надополнување на академската програма на факултетите по археологија при истоимените катедри на УКИМ и УГД. Предавањата беа насочени кон запознавање на студентите и партиципантите со теориските и практичните аспекти на анализата на камените артефакти. Опфатени беа следните категории: анализа на суровините, технолошка, типолошка и функционална анализа на артефактите, статистичка обработка на податоците и интерпретација на резултатите од анализата.

Stone tool workshop I by HAEMUS

Тема 1: Вовед во светот на праисториските алатки;
Тема 2: Основни принципи и критериуми за петролошка, технолошка и морфолошка анализа на артефактите од делкан камен;
Тема 3: Основни принципи и критериуми за петролошка, технолошка и морфолошка анализа на артефактите од мазнет камен и абразивни орудија;
Тема 4: Работа со камен материјал и препознавање на праисториските алатки од локалитетот Цоцев Камен врз база на површинскиот материјалот собран од студентите од 4 година по археологија.

Stone tool workshop II by HAEMUS

Присуството на студентите по археологија беше бесплатно, но поради тежината на тематиката, учеството се ограничи на 6-8 партиципанти по работилница, со претходна најава. Покрај многу други работи, студентите по археологија на двете катедри, научија дека малиот број на артефакти од камен во праисториските збирки од Република Македонија е резултат, пред сè, на непрепознавањето на литичкиот материјал, отсуствотото на просејување и флотација, како и личниот избор на истражувачите кои од наодите да задржат во збирката. Камените алатки сè уште не се предмет на детаљна анализа во македонската археологија, според закон треба, а не се изучуваат на факултет, а подоцнежните камените доба од палеолит и мезолит, во Македонија претежно се идентификуваат со керамичката продукција.

Stone tool workshop III by HAEMUS

Комплементарни на академската програма, овие работилници ги собраа заедно студентите од катедрите по археологија од Скопје (УКИМ) и од Штип (УГД). Очигледно останав единствената во македонската археологија што работи камени алатки и вољна сум на секаков начин и во секаква форма да им го пренесам моето знаење на студентите. Да заклучам, после овиен настани, навистина сум задоволна и среќна.  🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here