Home Археологија ИЗЛОЖБИ: КУЛТУРЕН СЕГМЕНТ ОД ЕНЕОЛИТСКИОТ ПЕРИОД НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

ИЗЛОЖБИ: КУЛТУРЕН СЕГМЕНТ ОД ЕНЕОЛИТСКИОТ ПЕРИОД НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

3,056 views
1

Во сабота, на 29 Јануари, во Музејот Теракота во Виница, ќе се одржи втората по ред ‘Музејска ноќ‘. Покрај отворањето на изложбата ‘Сестри’ на Благица Стојанова во 20:00 ч. која ќе биде пропратена и со музички гости, во 21:00 ч.ќе се случи отворањето на тематската изложба ‘КУЛТУРЕН СЕГМЕНТ ОД ЕНЕОЛИТСКИОТ ПЕРИОД НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА‘. На оваа изложба ќе бидат претставени артефакти од енеолитот пронајдени на локалитетите од овој период во источниот дел на Македонија, кој од научен аспект беше долго поздаборавен. Конкретно, опфатени се предмети од коска, камен и керамика од археолошките локалитети Виничко Кале (Виница), Св. Атанас (с. Спанчево, Кочани), Цоцев Камен (с. Шопско Рударе, Кратово), Богослов Камен (с. Горни Балван, Пробиштип), Каленичарка (с. Тополовиќ, Кратово), Балтачко Маало (с. Драгобрашта, Виница) и енеолитски наоди од локалитетот кај с. Владимирово.

Во изложбата партиципираат неколку музејски институции од Источна Македонија, а јас ја имав честа да го напишам текстот за отпечатениот флаер и да бидам куратор на дел од оваа привремена поставка, за што им благодарам на колегите од Виница. Изложбата ќе биде отворена до 12.02.2011.

Манифестацијата ‘Музејска ноќ’ оваа година е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Градоначалникот на Општина Виница.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here