Home Историја Старата скопска чаршија со веб сајт

Старата скопска чаршија со веб сајт

4,979 views
5

Стариот дел од Скопје познат кај мештаните како Стара скопска чаршија и официјално доби своја веб страница на интернет како резултат на заложбите за нејзината ревитализација и афирмација. Минатата година се случи еден настан кој во Ноќта кога Старата скопска чаршија дишеше помести неколку илјади посетители во иста вечер толку многу да ја окупираат чаршијата, што буквално немаше место да се помине во и онака тесните улички и сокачиња.

Но духот на еден град не го прави само архитектурата, ами луѓето. Духот на чаршијата почна да изумира, душата да спласнува питомо наведнувајќи ја главата и следејќи ги времињата кои дојдоа. Кога веќе политиката се нафатила да ја ревитализира чаршијата, тогаш тогаш треба да знае дека колку пари ќе даде за обнова на истата, ќе треба дупло пари да вложи и во луѓето за да се вратат во неа. А тоа е процес кој е потежок од реновирање на било каков споменик. Се надевам дека и годинава Патеката на културата ќе се повтори, за доброто на нашето културно наследство.

Имам само замерка за веб страницата, зошто сметам дека не требало така недоработена да ја пуштат во оптек. Барам за чаршијата е толку многу напишано на десетици јазици, што нема потреба да се измислува топла вода, а посебно не на насловната да се ставаат политичари кога има работи што се поважни од нив. Или можеби нема, а?

Поврзани текстови:

Ноќта кога Старата скопска чаршија дишеше
– Музејот на Старата скопска чаршија
– Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?
Старата скопска чаршија со автомобили е попрометна од мојот булевар
Старата скопска чаршија – пази, пази да те кола не прегази
Уметноста на исламот во Македонија

5 COMMENTs

  1. Има уште еден сајт наменет на Старата скопска чаршија: http://www.oldskopje.net/ (не знам дали претходно го имаш спомнато), кој што според вестите не е освежен од 2007, но сепак има значајни ресурси. Воедно овој напис е препорачан на http://ping.mk/

  2. Благодарам Елена за препораката, и јас самата често го посетувам пинг и поставувам линкови кои сметам дека е добро да се споделат. Сајтот наменет за Старата скопска чаршија го имам споменато некаде низ текстовите, бидејќи до пред некој ден воопшто немаше никакви други сублимирани информации за стариот дел од градот, туку тие беа распрчкани по интернетот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here