Дома Настани Панел дискусија “Жените во технологијата – Дигитални граници”

Панел дискусија “Жените во технологијата – Дигитални граници”

2,213 views
1

Во рамките на Фем фестивалот, утре ќе настапам на јавната дискусија која во себе ги вклучува Дигиталните граници – неопипливи и невидливи, поставени околу нас, имплицитно и без наша активна перцептивна свесност … кои ни го пригушуваат професионализамот и ограничуваат кариеризмот.

femfest2009

Ве поканувам на отворената панел дискусија “Жените во технологијата – Дигитални граници“, заедно, преку отворен разговор и споделени искуства, да ги лоцираме тие граници во информацискиот простор. Да ги изостриме нашите сетила, за да ги процесираме и препознаеме. A потоа, да ви ги презентираме веќе постоечките начини и средства за претворање на тие граници во цели и премини, со што би се постигнале, како лична, така и професионална надоградба.

Време: 04.07.2009, сабота 19:00 часот
Локација: Културен центар Точка, зад Соборниот храм.

Овој настан е дел од Фемфест 2009 и е отворен за секој кој би сакал да го проследи. Наменет е пред се за жените кои работат и се поврзани со ИТ секторот, но ги опфаќа и сите други профили и професии кои се присутни во нивните работни околини.

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име