Во рамките на Фем фестивалот, утре ќе настапам на јавната дискусија која во себе ги вклучува Дигиталните граници – неопипливи и невидливи, поставени околу нас, имплицитно и без наша активна перцептивна свесност … кои ни го пригушуваат професионализамот и ограничуваат кариеризмот.
Ве поканувам на отворената панел дискусија “Жените во технологијата – Дигитални граници“, заедно, преку отворен разговор и споделени искуства, да ги лоцираме тие граници во информацискиот простор. Да ги изостриме нашите сетила, за да ги процесираме и препознаеме. A потоа, да ви ги презентираме веќе постоечките начини и средства за претворање на тие граници во цели и премини, со што би се постигнале, како лична, така и професионална надоградба.
Време: 04.07.2009, сабота 19:00 часот
Локација: Културен центар Точка, зад Соборниот храм.
Овој настан е дел од Фемфест 2009 и е отворен за секој кој би сакал да го проследи. Наменет е пред се за жените кои работат и се поврзани со ИТ секторот, но ги опфаќа и сите други профили и професии кои се присутни во нивните работни околини.
[…] и дебати: Употреба на кирилицата на интернет, Жените во технологијата – Дигитални граници (Фемфест), BlogOpen09 (Ниш), Glocal 2009 и E-society 2009. Ако на другите […]