Ви препорачувам да прочитате еден добар напис (да не речам препис) на Дневник за археолошкиот локалитет Göbekli Tepe во Турција. Пронајден во 1964 почнал да се ископува дури во 1994 година од страна на филијалата на Германскиот Археолошки Институт во Истанбул. Научниот свет смета дека Göbekli Tepe можеби претставува еден од најстарите храмови на светот, посебно затоа што структурата и поставеноста на издолжените мегалитски камените блокови во вид на буквата Т многу потсетува на кружниот тек од Стоунхенџ, но неговата датација се движи 8 000 – 9 000 BP. Интерпретацијата на хипотезите за овој неолитски локалитет со мегалитски камења во круг кој можеби некогаш подржувале и кров е навистина интересна и се движи дотаму дека локалитетот ја претставува самата Рајска Градина.
[youtube]TU2qwoMfq-U[/youtube]
Покрај написот во Дневник би можеле да се консултираат и следните линкови:
Wikipedia – Göbekli Tepe
The World’s First Temple
TURKEY: DISCOVERY OF 12,000-YEAR-OLD TEMPLE COMPLEX COULD ALTER THEORY OF HUMAN DEVELOPMENT
Does Gobekli Tepe prove the Garden of Eden was in Turkey?
Gobekli Tepe – Eden, Home of the Watcher
баш се прашував кога ќе известиш за тепето .. читкав пред некоја недела .. мошне интересно, шкорпии, лисици, елени, змии .. потрупување на тепето и наново издигнати столбови .. коски, многу животински коски .. изгледа бајги сме постари и поразлични од она што конвенционално се интерпретира ..
поздрав!