Home Археологија Квази или наука на камен или мост

Квази или наука на камен или мост

5,851 views
0

Во последните 2 дена на мојот профил на facebook се разви една дебата за стручноста на господинот Васил Иљов. Повод за тоа беше линкот до една негова колумна во весникот Нова Македонија насловена како ,,За македонскиот цар Филип Втори Македонски“.

Овој човек со сето свое “стручно знаење” го направи Камениот Мост онаков стерилен и ја урна кулата (поточно михработ) што беше на него. Колку за информација Васил Иљов не е ниту археолог, ниту конзерватор, како што милува да се потпишува под своите колумни во весникот Нова Македонија, туку архитект. Тоа што современиот преобликувач на Камениот мост во Скопје работи(-ше) во Градскиот Завод за Заштита на Спомениците на културата не му дава за право да се кити со туѓи перја. Но да го оставиме тоа настрана.

Комплетна хронологија на преписката за и околу Камениот мост помеѓу него и одредени интелектуалци може хронолошки да се следи на интернет онолку, колку што дозволуваат архивите на весниците:

Васил Иљов – Време на премолчена вистина
Коста Балабанов – Камениот мост не може да се прави според желбите на Васил Иљов
Васил Иљов – Господе прости им не знаат што прават
Коста Балабанов – Без ниту еден релевантен, научен или каков било доказ

Овој линк го постирав намерно. Целта ми беше да укажам на случајот со Камениот мост во Скопје кој е јасен доказ дека сомнителни научници можат да имаат силно влијание во заедницата, државна поддршка и субвенции, а сето ова преку умешно преправање на фантазијата во квази-научен јазик, симуларана научна дебата и контекст.

Уште повеќе што на истите овие луѓе преку употребата на Интернетот во одредени медиуми (како што е во случајов Нова Македонија) им се овозможува да добијат средство за стекнување на популарна поддршка. Како тогаш да се направи разлика помеѓу вистинска наука и квази-наука?

А мене стварно не ми е јасно како може Нова Македонија да отстапи простор за колумна на еден ваков “професионалец”. Еве некои хајлајти од текстот за Филип II:

– ги поставил сите здрави темели на македонската демократска монархија и на македонскиот империјализам

– ја прославил Македонија со најголемо во историјата на човештвото непрегледно Македонско Царство, со територија од 3,8 милиони квадратни километри

WTF – што би рекол еден мој пријател – можностите за критика се скоро непрегледни. Исто како и територијата на Македонското Царство кое го воспоставил самиот Филип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.