Јас сум Arwena. Имам новинарски квалитети, имам одлични IT перформански, имам високо функционални пребарувачки алатки. Имам медиум со пристап до милиони луѓе без да платам даночна стапка. Имам право на свое мислење без да одговорам на ниту едно поставено прашање. Имам слобода на изразување, а моите постови се појавуваат на првата страница од Google search.
Не можеш да ме замолчиш, не можеш да ме забраниш, не можеш да ме уништиш. Која сум јас и како ќе ме разликуваш од другите кои се навистина опасни во сајбер просторот?
Јас сум Arwena. Какво добро тогаш правам јас за овој свет? Јас не сум само археолог кој на интернет глуми дека е археолог. Тука сум да го споделам своето искуство за една подобра иднина. Од своја лична перспектива, но во интерес на пошироката заедница, секој ден упорно се обидувам да ја донесам археологијата во секој дом. Да не биде само сон. Да се навикнете на неа како на своја облека. Го правам тоа, што најдобро го знам.
Денеска е 17.12.2007. Ден кога блогерите во името на добрината и самите прават или споделуваат некакво добро. Да се приклучиме и да бидеме дел од ова светско движење.