Home Антропологија Школките од Пештерата на голубите – најстариот накит на светот

Школките од Пештерата на голубите – најстариот накит на светот

3,433 views
2

Дупнати школки, пронајдени во една варовничка пештера на истокот на Мароко, претставуваат најстариот накит било кога пронајден во светот. Малите, овални школки, од кои некои се обоени со окер црвена боја, биле дупнати за потоа да бидат нанижани во гердан или нараквица.

Научниците утврдиле дека школките се стари 82.000 години, што значи дека жителите во Африка користеле накит дури 40.000 години пред Европејците.

Школките ги прoнaјде тим на стручњаци од Мароко, Велика Британија, Франција и Германија кои се обидоа да утврдат како промената на климата и природното опкружување влијаеле на однесувањето на луѓето од пред 130.000 до 13.000 години.

Ова е дел од информацијата која во оптек ја пушти Нејшнл Џеографик, ја пренесе МИА, а ја превземаа и повеќето македонски медиуми (1,2,3,4) за што ми е посебно драго. Токму пред една година имав пост со слична тематика по повод откривањето на школките од локалитетите Skhul Cave во Израел и Oued Djebbana во Алжир., кои во тоа време беа датирани како најстариот накит на светот.

Трите школки кои припаѓаат на ист род на морски школки познати како Nassarius според археолозите најверојатно ги представуваат најстарите парчиња на накит, изработен од човекот. Нивоата со школки потекнуват од два археолошки локалитета: Skhul Cave која се наоѓа на падините од планината Carmel во Израел, и Oued Djebbana во Алжир. Школките најверојатно биле селективно одбрани поради нивната големина, а потоа биле перфорирани со остра кремена алатка.

Според хемиските анализи на седиментите (она за кое говорев делумно во Основна лекција по археологија ) дел од школките доаѓаат од археолошко ниво на Skhul Cave кое е датирано 100 000 г. п.н.е. Оние пак кои потекнуваат од Oued Djebbana, се датирани на околу 90 000 год. п.н.е., но според типологијата на алатките (читај кремен) со чија помош е направена перфорацијата.

Како и минатата година, и оваа го задржувам сличното мислење. А тоа значи дека ако школките се навистина користени како елементи за персонална декорација, укажува на повисок степен на симболичко значење, но и знаци за постоење на култура. Ако некој некогаш се обидел да направи ѓердан, или бразлетна, тогаш знае дека му се потребни илјадници школки за да го стори тоа. Ама ете потребни се само неколку школки да ги протресат добро темелите за теориите за човековата еволуција.


За ова пронаоѓање се изјасни и проф. John Hawks на неговиот блог, каде меѓу другото дава и релевантни референци за литература, секако доколку некој сака да ја консултира.

2 COMMENTs

  1. […] Коските од животни на археолошките локалитети, посебно на оние со голема старост, не се пронаоѓаат толку често. И поради тоа нивното значење е големо. Фауната може да биде присутна само ако на археолошкиот локалитет постоеле добри услови за да се зачува. Присуството на разни видови може да ја индицираат важноста во исхраната на човекот (во помала или поголема заедница) и да ја документираат локалната околина. Возраста и полот на животните во една збирка од коски ни кажува за активностите на ловење и чување на стада и за човековата интеракција со животинските видови. Школките можат да укажат на трговијата со далечни простори и комуникацијата помеѓу луѓето во времињата кога нема никаков друг доказ освен археолошките артефакти. А понекогаш може да се случи да се пронајде артефакт кој добро ќе ги протресе темелите на теориите…. […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here