Ако Босанците ја бараат Пирамида, тогаш каде се Херцеговците? Одговорот на моето прашање од предходниот пост го дава блогерката Stultitia.
Херцеговците ја бараат древната Троја.
Мислам дека Босна и Херцеговина со својот ,,недостаток на идентитет” конечно го допре дното на квази-археологијата. Подолго време оваа ,,Федерација” е погодно тло за препукување на квази стручњаци кои и нанесуваат огромна научна штета (за сметка на популаризација на државата). За жал, она кое го работат тие наидува на одобрение од страна на Босанската влада.
На почетокот од 80-те години од 20 век археологијата и палеонтологијата (која рака на срце навистина ја има во огромни количини) во САД беа во огромна криза. Ако филмовите за Indiana Jones и Jurassic Park му беа специјално нарачани на Steven Spielberg од американската влада за популаризација на истите, тогаш не личи ли целава оваа работа со Пирамидите и Троја као перење на совеста на западната цивилизација за она кое во 90-те години и го направија на Федерацијата Босна и Херцеговина?
[…] на емисијата на HRT1 6. APWR и недостаток на идентитет 7. Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древна… 8. Зошто би граделе пирамида кога можеме да си ја […]