,,Секој може да зборува што сака, но Академијата како врвно епистемиолошко тело не смее да стои зад ваквите егзибиционизми.”
Одамна пишував за Каменот од розета, при што уште тогаш напоменав дека главниот збор треба да го имаат историчарите, египтолозите и лингвистите, а не археолозите. Институциите до сега молчеа и не го искажаа својот став. Но м-р. Марија Станковска Ѕамали (докторант по епиграфика на Универзитетот „Париз 4-Сорбона“) не се сложува со мислењето на двајцата истражувачи, и во нејзината колумна во Дневник го наведува следното:
,,Хиероглифското писмо е најстаро египетско писмо. Името „хиероглифско“, кое е општоприфатено, е грчко и во превод значи свето писмо (од хиерос – свет и глифеин – врежува). Египетското име за оваа писмо во превод значи „божја реч“. Неговата курзивна (ракописна) форма во науката се нарекува хиератско писмо. Со текот на времето, хиератското писмо уште повеќе се упростува и се појавува една нова форма наречена ДЕМОТСКО ПИСМО. Значи, демотското писмо е НАЈУПРОСТЕНА ФОРМА на хиератско писмо. Најстариот документ напишан на демотско писмо датира од времето на фараонот Псаметик Први (664 – 610 г. п. н. е.).”
,,Е баш би сакала некој да ми објасни како во овој период сега би можеле да ги доведеме Александар и античките Македонци во врска!).”
остатокот од колумната на кликов