Ми текнува на сите оние филмови и книги кои се однесуваат на периодот на истражување на Земјината топка. Во корист на експедициите се изработувале најразлични мапи. Ако се случело некоја експедиција да отиде во непознат регион, најчестата изречена реченица би била:
,,Сега влегуваме во не-мапирана територија.”
Но денеска тешко дека ќе можете да кажете нешто такво. За програмите Google Earth и Google maps е веќе доволно пишувано. Со Google Earth & maps можете да ја испланирате траекторијата на вашето патување, да пронајдете некоја институција или да го видите местото каде што ќе одите на летување. Во што е предноста на овие програми кога се археолозите во прашање?
Во тоа што сателитеските снимки кои се во 3D одлично ја прикажуваат хоризонталната стратиграфија, на за сега постоечките внесени локации. Совршено реално барем за еден археолог, кој доколку користи аеро снимки или т.н. орто фотографија, би морал истите тие фотографии ако сам ги работи, да ги изреализира преку најмалку три програми за да го добие она кое што го има на тацна и е веќе прикажано на google програмите.
За среќа, современите археолози, барем оние кои ја ги следат тенденциите во дигиталната сфера, со огромна доза на сигурност се потпираат на компјутерската технологија, и секако на интернетот. Во иднина и онака се ќе се сведе на дигиталната технологија, до толкава мера што оние кои работат кабинетски, нема да мораат ,,буквално” воопшто да излезат од дома, а ќе можат да знаат што се случува на теренот.
во околината на Палермо.
…НО….
Да не се лажеме. Овие high tech алатки никогаш нема да можат да го заменат традиционалното ископување, рекогносцирање и останатите анализи, но можат да дадат многу нови можности на археолозите со чија помош истите тие традиционални методи би се подобриле. Со глобалниот пораст на популација забрзани се и промените на изгледот на нашата планета, кои ,,понекогаш,, не можат да го пратат модерниот развој. Со тоа се зголемува и очајничката трка на археолозите ширум светот да го лоцираат и документираат културното наследство пред тоа да биде изгубено.
Kога еднаш над некој локалитет ќе помине булдожер, тој биде поплочен или поплавен, засекогаш е изгубен за науката. Загубени се и информациите кои тој ги содржел и кои неповратно отишле со неговото уништување.
Можности кои се наѕираат во овој момент за сите, вклучувајќи ги и археолозите, се непрегледни, и искрено се надевам дека Google Earth ќе биде наскоро ready-made GIS за целата планета.
До тогаш, јас со радост чекам да бидам археолошки google maped. Ама онака, најсериозно :).
© археоблог 2006
archaeology, maps, excavation, field survey, analyses, aerial photography, orthophoto, Luca Mori, Google Earth, Google maps, documentation, cultural heritage, археологија, мапи, ископување, рекогносцирање, анализи, аеро фотографија, ортофотографија, Лука Мори, документирање, културно наследство
[…] I have been google maped?!! Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth Google map my Аквадукт You have been google watched through the macedonian carpet Форумот на Македонска Авијација – ментална релаксација за археологија Идните археолошки сајтови […]
[…] сме веќе сите мапирани со помош на програмите Google Earth и Google maps и следниот […]
[…] сме веќе сите мапирани со помош на програмите Google Earth и Google maps и следниот […]