Home Археологија Археологија на идентитетот

Археологија на идентитетот

2,866 views
3

Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје, 5-8.

Археолошки дневник

Археологијата примарно е наука која се занимава со реконструкција на далечното минато. Меѓутоа луѓето кои живееле во минатото, своето совремие не го доживувале на тој начин. За нив тоа било исто како што ние денешницата не можеме да ја разбереме како дел од нашата современа археологија.

Дали можеби знаете дека присвојувањето на амблемот во вид на шестнаесеткрако сонце и спорот што националниот симблол на Македонија и го донесе со соседната Грција, спаѓа во доменот на археологијата. Тоа е т.н. Археологија на Идентитетот. А не била само нашата држава предмет на такво проучување. Истото тоа им се случило на Египет, Мексико и Перу. Во Израел на пример археологијата е ставена во служба на националниот идентитет. Ова изедначување на археологијата со идеологијата била една од причините (секако помеѓу куп на други работи) што Адолф Хитлер и Националните Социјалисти во Германија за време на Втората Светска војна се потрудиле да направат етничко чистење на Евреите. Тоа истото му се случи и на нашиот сосед Косово, кој ја наследи Босна како воено поле на ,,етничко чистење”. Еден современ концепт многу популарен и посебно застапен во 1990-те години во светот. Политика на деструкција честопати применета во недостаток на попацифистички идеи. Истото се случува и со некои републики кои се дел од поранешниот Советски Сојуз. Обидувајќи се во натпреварот помеѓу себе за да бидат признаени преку потврдата дека се наследници на историското минато, честопати ги злоупотребуваат археолошките податоци во процесите кои ги водат.

Замислете до каде досега на пример гордоста на Англичаните кои неодамна ги откопаа основите на театарот каде во годините помеѓу 1590 и 1600-та биле изведувани премиерите на представите од Шекспир. Тоа го сметаат како нивно културно богатство и дел од својот национален идентитет.

И додека нашите археолози се борат на видело да ги изнесат сите податоци кои можат да одат во прилог на сопствениот идентитет, а тоа трае веќе со децении, во светот постои поинакво правило. Тоа гласи: Тоа што ќе го пронајдеш публикувај го веднаш или ќе бидеш проколнат засекогаш. Со други зборови кажано, ако сам не се ставиш на археолошката мапа од светот, ќе бидеш од неа избришан исто како никогаш да не си постоел.

Но, во 21-от век се фала му на бога се срушија сите граници помеѓу археологијата и јавноста со френетичната експанзија на Интернетов. Тоа придонесе за подобра комуникација помеѓу археолозите и побрза размена на информации помеѓу нив и јавноста. Да се надеваме дека ова веројатно ќе даде позитивни резултати за иднината не само на нашата археологија, туку и врз контролата и протокот на информациите.

Ако не сте знаеле, се ова околу нас е дел од т.. современа археологија или во светот попозната public archaeology. Постојаното градење на објекти, патишта, индустриското производство, еден ден за идните генерации ќе биде древна археологија. И ќе биде закопано длабоко во почвата. Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа драги мои блогери, и попатни минувачи низ овој блог…треба да бидеме внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази.

И како за крај само еден мал анекс на прашањето, до каде ли досега мојот археолошки светоглед, ќе кажам дека тој е безграничен, безвременски! Но, за да го постигнеме тоа потребно е да изградиме посебен однос кон сопствената култура, времето и минатото. Тоа е само еден од можните начини кои ни го покажуваат патот кон нашиот идентитет. Имаме што да научиме од сопственото минато, а да се надеваме, имаме на што да ги подучиме и другите.

3 COMMENTs

  1. […] бидеш проколнат засекогаш. Со други зборови кажано, ако сам не се ставиш на археолошката мапа од светот, ќе бидеш од неа избришан исто како никогаш да не си […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here