Уште додека студирав археологја, почнав да работам во сферата на туризмот каде повеќе од 11 години партиципирам во полето на културниот туризам, следејќи ја својата желба да го промовирам големото културно богатство и фолклор кои потекнуваат од територијата Република Македонија, а се непознати за странците. Во меѓувреме, повеќе од 5 години сум присутна на интернет и активна на својот сајт, блог, фејсбук и твитер, па вклучувајќи ги сите алатки на новите медиуми имам чувство дека успеав некако да допрам до луѓето кои го сакаат и го почитуваат културното наследство. Мојата активност на интернет вроди со многу голем фидбек од страната на корисниците, бидејќи постојано добивам од луѓето информации, фотографии, новости од некој кој отишол некаде на терен, видел, снимил, фотографирал, дознал одредени работи.

Моите мејл сандачиња со текот на години станаа затрпани со секакви информации за културното наследство и тоа е една огромна архива која заедно со своето знаење и теренско искуство се обидувам во последните неколку години да ја канализирам преку проект кој се надевам дека ќе направи добар импакт во т.н. културен туризам. Следејќи ја својата желба да помогнам во промоција на Република Македонија и во развојот на локалниот туризам кој пред се би се базирал на културно-историските споменици и археолошките локалитети, во 2008 година започна моето партиципирање во проектот Macedonia Vision, бренд зад чија позадина како правен застапник и ентитет кој ја заокружува финансиската контрукција стои Т.А. Савана. Се работи за incoming програма наменета за посета на странските, но и домашните гости во Македонија, а досегашните промотивните материјали во чие реализирање учествував и самата, се состојат од: туристички мапи на Македонија, Скопје и Охрид (веќе отпечатени во тираж од 20.000 примероци), обемен веб сајт исполнет со мои авторски статии (освен ако не е поинаку наведено), кој постојано ќе се надополнува, а испечатени се каталог на англиски јазик со опис на сите туристички дестинации во земјата, и каталози на турски, српски и германски јазик со разработени итинерери за екскурзии и излети.

Искрено, се надевам дека во рамките на програмата ќе бидат реализирани многу проекти на повеќе нивоа, па секој што смета дека може да придонесе за развитокот на културниот туризам во Република Македонија, слободно може да се обрати на контактите наведени на сајтот. Планирано е сајтот да има свој придружен блог за патување, каде секој заинтересиран, од блогер, пистаел до новинар би можел да се ги исполи своите литературни квалитети.

Добредојдовте во дел мојата визија за промоција на Република Македонија

Добредојдовте во Macedonia Vision

Destination management for
Macedonia and Balkans