web analytics

ОБУКА ЗА СЕРТИФИЦИРАН ИНТЕРПРЕТЦИСКИ ВОДИЧ - INTERPRET EUROPE

Кликни на фотографијата и преземи ја брошурата за обуката за сертифициран интерпретатор водич под мое менторство

Обуката за сертифициран водич за интерпретација на наследството лиценцирана од Interpret Europe е навистина посебена и несомнено ќе сретнете многу луѓе кои со ентузијазам ќе ви ги пренесат своите впечатоци. Ќе се обидам накратко да објаснам што се учи за време на обуката и што е тоа толку посебно што индивидуалци и институции од Европа ја обожаваат.

Интерпретацијата на наследството е моќна алатка за менаџмент, визуелизација, едукација и комуникација која се употребува за да се облагороди природното и/или културното наследство. Познавањето на оваа одлична бизнис алатка може да ја зголеми видливоста за одреден проект, продукт или програма, бидејќи се разликува од дузина навидум слични модели поради уникатноста на својата презентација и реквизитите кои се дел од неа. Затоа е многу важно на кој начин се употребуваат алатките за толкување бидејќи треба да овозможат искуство за локалното наследство коешто посетителите ќе го запаметат доживотно.

Оваа обука за сертифициран водич за интерпретација на наследството е создадена и сертифицирана од Interpret Europe – најголемата Европска Асоцијација за Интерпреатција на Наследството. Таа претставува одлична почетна точка да се разбере полето за интерпретација и нуди основни теоретски знаења, како и многу практични индивидуални и групни вежби (скоро 80% од времето) и ги обучува учесниците да креираат сопствени производи за толкување, како што се инспиративни говори, тематски прошетки и други креативни продукти. Се обработуваат и некои други теми како што се оживеана историја, импровизирана интерпреатција, одржливост и пристапност на природното и културното наследство. Бидете уверени дека вашиот производ инспириран од оваа обука гордо ќе носи дел од вас, ќе му помогне на посетителот да го разбере наследството што го претставувате, да ги забележи неговите особености, искрено да го сака и да го почитува.

За да добие сертификат, едно лице мора да исполнува одредени услови – да ја посетува 100% обуката, да положи испит и да изработи семинарска работа. Во текот на обуката се полага писмен испит преку кој учесниците покажуваат разбирање и владеење на знаењето, а истото важи и за усниот испит кој се полага на последниот ден од обуката врз основа на стекнатите вештини. По завршувањето на обуката, потребно е да се подготви семинар – скица за тематска прошетка според упатствата што учесниците ги добиваат од тренерот- ментор. Треба да се нагласи дека овој сертификат не ја заменува лиценцата за туристички водич, но е знак на признание во Interpret Europe, почитувана организација за толкување на наследството која обединува повеќе од 1.000 членови од 55 држави, од кои многу се институции кои професионално работат со наследството.

Секој од учесниците ќе го добие она за коешто дошол – практични алатки за секојдневна работа. Ако сте кустос, ќе ви помогне во секојдневната музејска работа, ако сте туристички водич – ќе ви помогне да се приближите до туристите, ако сте мал семеен бизнис, несомнено ќе ви помогне многу со посетителите, гостите и клиентите. Ќе бидете обучени да креирате тематска рути со длабоки пораки што посетителите ќе ги паметат засекогаш и ќе ги однесат дома во нивните срца. Оваа обука нуди поддршка за внимателно презентирање на разни аспекти од наследството на посетителите за да можат да ја ценат неговата вредност и да го разберат духот на местото што го посетуваат.

Обука за интерпретација наменета за грантистите од „Програмата за зачувување на природата“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), (Фотографија: ХАЕМУС, 2022)

Иако најголем дел од учесниците низ Европа на оваа обука се туристички работници и туристички водичи, треба да се знае дека таа не е првенствено наменета да му служи на туризмот, туку на наследството. Наменета е и за вработените во парковите на природата, но и за вработените во музеите и зоолошките градини. Интерпретациските насоки се важен чекор во одржливиот развој на една дестинација, што ја покажа и последната соработка на Interpret Europe и UNESCO каде преку проектот Learning Landscapes УНЕСКО практично ја усвои оваа методологија подигнувајќи ја на светско ниво како heritage value-based interpretation.

Дестинациски менаџмент: Се препорачува на претставниците кои се дел од менаџментот на одредени дестинации, да одвојат време и да се приклучат на оваа обука и активно да учествуваат во неа. Се разбира, оваа обука е пред сѐ наменета за поединечни учесници, но дестинациите би можеле да ја прифатат како препорака и навистина да ја искористат обуката за зајакнување на врските со професионалците во својата област, создавање нови производи и развој на долгорочни проекти, но само доколку нивниот претставник исто така рамноправно учествува на обуката.

ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ, ПОПОЛЕТЕ ЈА ПРИЈАВАТА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

ЛИНК ДО ПРИЈАВАТА
(можен термин март-април 2025)

 

МОЈАТА АКРЕДИТАЦИЈА КАКО ТРЕНЕР ПО ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА НАСЛЕДСТВОТО

Од 2019 сум сертифициран интерпретатор преку структуирана, систематска и практична обука организирана од Interpret Europe. Во 2024, по дополнителни години интензивна обука и едукација, станав сертифициран тренер по интерпретација на наследството. Летото 2024 се здобив со дополнителен сертификат од УНЕСКО за value-based heritage interpretation.Акредитирана сум да држам курсеви, обуки и работилници на сите заинтересирани за толкување на наследството.

МОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ

error: СОДРЖИНАТА Е ЗАШТИТЕНА !!