Home Светот од камен

Светот од камен

Уште на почетокот од моите студии вниманието ми беше насочено кон пештерите, најстарите предисториски периоди и алатките кои тие луѓе ги изработувале. Мојата љубов кон камените индустрии се развиваше постепено, бидејќи немав адекватни предавања на Катедрата по археологија во Скопје. Овие студии и денеска се уште сè дефицитарни и младите археолози не добиваат лекции за предисторијата (домашна и светска), надополнети со информации за артефактите кои се типични за овие периоди.

Моето работно место во Мујина печина,
пештера во близината на Трогир, Хрватска, 06.2003

За да ја заокружам мојата потреба од знаење потребно за обработка на една камена збирка,  за време на струдирањето но и подоцна, бев дел од многу теренски археолошки екипи воглавном на палеолитските, мезолитските и неолитските локалитети на Балканот и во Европа. На тој начин го надополнив своето теренско и кабинетско знаење за литичкиот материјал, стручен назив за збирките со камени алатки. Во текот на целиот тој мој развоен пат како стручњак кој се занимава со камени артефакти, огромна благодарност должам на многу мои домашни и странски колеги кои несебично ми помагаа, а тоа го прават и ден денес. Во прилог давам некои мои книги, научни трудови, како и научно-популарни текстови кои сум ги напишала на оваа тематика, а можат да се употребуваат како дополнителна литература за артефактите од камен:

Книги:

Вовед во научна анализа на камените алатки – http://goo.gl/WMjjAG

Камена индустрија са неолитског локалитета Руг Баир – Република Македонија – http://goo.gl/pZ8Gd

Научни трудови:

Димитровска Василка, Етнографски белешки за Трибулумот во Република Македонија, Социјални и духовни аспекти на материјалната култура (Зборник на трудови од конференцијата одржана во Охрид, 20-22.09.08), Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, Skopje, 2009 (eds. Svetieva, Ashtalkovska), 218-226. http://goo.gl/Np4ZGM

Димитровска Василка 2010, Прилог кон вреднувањето на неолитскиот литички материјал, Macedoniae Acta Archaeologica 19, Скопје, 39-47. http://goo.gl/CQdl1j

Милевски Ивица, Димитровска Василка 2011, Геоморфолошки и геоархеолошки карактеристики на Цоцев Камен, Географски разгледи (44-45), 5-19 (2011), Институт за географија, Скопје. http://goo.gl/ohNIE4

Dimitrovska Vasilka, Boev Blazo 2012. Petrologic, Morphologic and Functional Analysis of Ground and Abrasive Stone Tools from Rug Bair, Ovče Pole Valley. Geologica Macedonica. Vol. 25. No. 1 (2011): 37-52. Štip. http://goo.gl/kojZNP

Dimitrovska Vasilka 2012. The system of local supply of stone tools in Amzabegovo-Vršnik culture from Neolithic Macedonia. Documenta Praehistorica, XXXIX: 353-360. Ljubljana. http://goo.gl/fQAP2A

Dimitrovska Vasilka, Local Supply for Chipped Stone Tools from the Site of Rug Bair, Haemus journal Vol. 1 (2012), Skopje, 11-28. http://goo.gl/86DJpd

Научно-популарни текстови:

Палеолит (1) – зошто пештери и поткарпи? – http://goo.gl/yv3uNQ

Палеолит (2) – седиментите во пештерите и промените на климата – http://goo.gl/E7Ii4J

Палеолит (3) – како до мултидисциплинарен приод – http://goo.gl/HHTO43

Преглед на хоминидите и алатките кои ги користеле во палеолитот – http://goo.gl/66YJaC

Експерименти: Автентична копија од неолитска тесла – http://goo.gl/tUygpB

Абразивните алатки во вашиот дом – http://goo.gl/AGNWo

Мојата куќа од коски на мамути – http://goo.gl/ClH7rj

Атлатл – http://goo.gl/6D2n0p

Знаците на сите времиња и примената на невропсихологијата во археологијата – http://goo.gl/1kPlnF

Чистење и конзервација на праисториските камени алатки – http://goo.gl/bT1VEU

Од вулканска бомба до мелница – http://goo.gl/lQkXbi

Стојам со вулканска бомба во раката, а зад мене е локалитетот Цоцев Камен, с. Шопско Рударе, Кратовско

Малиот број на артефакти од камен во праисториските збирки од Република Македонија е резултат, пред сè, на непрепознавањето на литичкиот материјал, отсуствотото на просејување и флотација, како и личниот избор на истражувачите кои од наодите да задржат во збирката. Камените алатки сè уште не се предмет на детаљна анализа во македонската археологија, а подоцнежните камените доба од палеолит и мезолит, во Македонија претежно се идентификуваат со керамичката продукција.

Абразивна алатка од мојот кујнски прибор

Сите заинтересирани за камените алатки од праисторијата, можат да ме контактираат на личниот мејл: info@arheo.com.mk, или пак на мејлот од Хаемус – центарот за научни истражувања и промоција на културата: contact@haemus.org.mk