Home Cпонзорирано Како National Geographic дојде во Македонија!

Како National Geographic дојде во Македонија!

6,826 views
2

Насловната страница на National Geographic Magazine
едиција од 1983 – Byzantine Empire. Vol 164, No. 6

Насловна: икона на Богородица Пелагонитиса (134 x 93,5 cm) насликана во 1421/22, од Макарие Зограф, с. Зрзе, Македонија.
Оригиналот денеска се чува во Галеријата на икони, Музеј на Македонија, Скопје.

National Geographic Society е едно од најстарите и најпопуларните списанија на светот кое излегува во континуитет. Основано е во 1888 година со цел да се пронаоѓаат, истражуваат и публикуваат научните достигнувања. Денеска не постои човек кој не чул за него, и со исклучок на Македонија, сите балкански земји со соодветна лиценца го публикуваат на сопствен јазик кој само придонесува за нивна огромна самопромоција. Оваа институција која своето постоење го започнала во 19 век, денеска е препознатлив бренд и синоним за наука, авантура и мистерија. Позади себе има сопствена телевизија, преку која продуцира документарци кои се базирани на вестите за сите најновите откритија во наука. Тие се процесирани толку брзо и допадливо за широката публика, што имаат голем импакт во светот. Исто така има огромен веб сајт разгранет во бројни категории и се смета дека секој напис во било која од овие филијали претставува афирмација за личност, народ, земја, локалитет, споменик или природна убавина, налик на она што го прави UNESKO. Единствената разлика е во економската исплатливост на производот, бидејќи кога National Geographic промовира, тоа го прави за големи пари.

Превземи фајл – 3,17 MB

Отткука е сосема логичен заклучокот зошто Република Македонија е единствената земја на Балканот која нема National Geographic списание на сопствен јазик. Едноставно, до сега за оваа корпорација не бевме економски исплатливи и покрај сите вредности кои ги поседуваме како територија и држава. Во долгиот континуум на постоење на National Geographic од преку 120 години, Република Македонија, или само Македонија, се до неодамна воопшто не беше спомената во ниту еден од нивните производи. Единствените 2 информации кои успеав да ги пронајдам во врска со нашата држава е познатата икона “Богородица Пелагонитиса” која била на насловната страница на нивното списание во 1982 година, а истата таа година за фотографија на денот била прогласена и една снимка на “Манастирот Св. Наум” крај Охрид.

Но интересот на National Geographic кон Македонија почна да се менува од пред неколку години. Во текстот е вгнездена насловната страница, како и целото списание на специјалниот број на National Geographic од 2009 година, посветен на Балканот. На насловната страна се наоѓа црквата Св. Јован Канео во Охрид, а внатре се посветени доста страници за природните, културните и духовните вредности на Република Македонија. Се работи всушност за еден колаборативен проект на USAID и една од филијалите на NG – National Geographic Traveler Magazine, а целта е туристичка промоција на земјите од т.н. Западен Балкан, именување кое содржи повеќе политички, отколку географски мотиви при опис на овој регион.

National Geographic Traveler Magazine – Western Balkans

View more documents from Vasilka Dimitrovska.

Мојата желба Македонија да биде дел од оваа корпорација повеќе пати јавно сум ја искажала на сајтов во изминатите 7 години (1, 2, 3). Имав желба да се покрене или печатено списание на National Geographic или барем негова електронска верзија на македонски јазик. Но тоа не ми успеа се’ до 2010 година кога имав шанса да бидам дел од една работилница за развој на туризмот, каде помеѓу неколкуте говорници веројатно најголем интерес предизвика Џејмс Дион (James Dion), соработник во Одделот за мапи при National Geographic, кој има работено и како Помошник директор на Центарот за одржливи дестинации при National Geographic Society (NGS). Тогаш ми стана јасно дека интересеот на NGS за Балканот како една од повозбудливите туристички дестинации е неоспорен и тие се обидуваат на повеќе начини да ги поттикнат сите субјекти во овие држави, преку проекти кои би ја направиле оваа сфера економски оддржлива гранка во рамките на локалниот туризам. Притоа, тие нудат и едуцираат преку различни методологии кои може да се искористат за да се обезбеди долгорочната исплатливост на туристичкиот пазар во Македонија, секако ако има интерес од страна на оние кои треба да го развиваат истиот.

Порталот за Western Balkans

По некое време, добив официјална покана од National Geographic Society да партиципирам во проектот за Western Balkans, со текст/ови за Македонија кои се најдоа на истоимениот веб портал. Голема благодарност до луѓето од Македонија кои ме препорачаа да партиципирам во овој огромен проект, кој секому служи како одлична референца. Голема благодарност и на луѓето од National Geographic кои се вистински професионалци со изградени криетериуми  и стандарди. Но пред се, голема благодарност до NGS бидејќи ја постави нашата држава на интернет под своето уставно име. Thank you National Geographic for calling my country by its name. 🙂

2 COMMENTs

  1. Да те поправам малку Васе:)))Македонија е спомната и тоа неколку пати во НГ.имам едно специално издание на НГ-хрватска каде ги нашле сите текстови каде се споманти сите земји од бивша југославија од 1908 и 1912 и во периодот меу двете светски војни.Сега текстовите не се онака исклучиво за МК ама мислам дека би ти било многу интересно во секој случај да ги прочиташ.
    Еден пријател одмана ми спомна дека имало некој текст пак исклуливо за МК во 1913 или плус минус некоја година,ама не знам како би можело тоа да се провери.
    поздрав!

  2. Благодарам Жарко на информацијата,

    ако е возможно, многу би сакала да ги прочитам и секако да имам копија од нив. Моето истражување е врз база на моменталните достапни ресурси на сите филијали на NGS. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here