На каналот на National Geographic пред повеќе од месец дена се промовираше дел од видеото посветено на археолошкиот локалитет Виминациум (Viminacium), кој се наоѓа 12 километри од Пожаревац (Србија), во близината на Стар Костолац.
Овој локалитет за прв пат е регистриран кон крајот на XVII век кога го посетува грофот Luigi Ferdinando Marsigli. Тој своите запазувања ги објавил во 1726. во трудот под наслов Danubius Pannonico-mysicus, но сепак вистинските археолошките ископувања ќе започнат дури во 1997 година и тоа само затоа што почнува да се гради термоелектрана и површински коп во близина. Со нив од 1977-1997 раководела др. Ljubica Zotović од Археолошкиот Институт од Белград, а од 2000 година локалитетот започнува да се истражува мултидисциплинарно со учество на огромен број на стручњаци од сите полиња на науката под раководство на Miomir Korać исто така од Археолошкиот Институт од Белград. Виминациум е еден од локалитетите каде за прв пат во Србија се применети и употребени предностите на сите нови недеструктивни технологии.
[youtube]WbOcWFYd9PQ[/youtube]
На краткиот видео клип направен од National Geographic може да се види дел од раскошното богатство со кое располага овој огромен локалитет долг 6 километри, распространет на 11 000 ha и истражуван повеќе од еден век. Во обид да го претстават на јавноста како туристичка атракција на видеото може да се забележи дел од зачуваната архитектура и уметност. Секако тука е и фрескосликарството на ѕидовите од гробниците, како и сиот опус од ископани и истражувани сектори, вклучително со артефактите.
Виминациум е еден од најзначајните римски градови на територијата на Србија, но и еден од најзначајните легиски логори на Дунав. За време на своето постоење бил главен град на римската провинција Горна Мезија, а во периодот од 1-7 век тој имал: храмови, плоштади, улици, театар, јавни бањи, аквадукт, гробници, мавзолеи, порти и се што може да биде дел од еден голем град. Според пропорциите веројатно во него живееле околу 1 милион луѓе.
Се чудам кога некој наш археолошки локалитет ќе стекне толку голема популарност за National Geographic да направи видео сторија за него. Можеби кога ќе почнеме да работиме вистинска археологија!?
Официјален сајт: http://www.viminacium.org.yu/
[…] во Србија, на само 300 метри од Царскиот мавзолеј во Археолошкот парк Виминациум кај Костолац, е пронајден скелет на мамут, за кој се […]
[…] дел од Балканот кој го поврзувал Белград (Singidunum) преку Виминациум (во близина на денешен Пожаревац), Ниш (Naissus), Софија […]
[…] дел од Балканот кој го поврзувал Белград (Singidunum) преку Виминациум (во близина на денешен Пожаревац), Ниш (Naissus), Софија […]