Home Археологија Агресивна археологија – во Македонија има над 400 незапослени археолози

Агресивна археологија – во Македонија има над 400 незапослени археолози

2,458 views
2

Во последно време (како што можете да забележите и од мојот блог) во Македонија нагло почнаа да се интензивираат случувањата на полето на археологијата. Семинари, ископувања, презентирање и заштитата на културното наследство се само дел од настаните кои почнаа да ја градат базата на еден сосема нов приод кај моите колеги. Прераснувајќи пополека во европско и во светско, какво што од секогаш и било културно богатство кое доаѓа од територијата на Македонија, се прави вистинскиот чекор кон создавање на платформа која ќе има поприлично силни влијанија во сите свери од нашиот живот. Последниов период присуствував на неколку настани каде случајно или не, беше спомената бројката од 400 дипломирани, а незапослени археолози. Фактот е поразувачки, но… Правејќи напор од мемливата прашина на заборавот да извадат парчиња од минатото со кои ќе ја поткепат нашата гордост и барајќи начини да си го обезбедат своето место под сонцето, веројатно на повеќето од нив се должи и промената на перцепцијата во однос на третирањето на културното наследство.

Сметам дека е редно време археолозите да го подигнат својот глас, да отидат еден чекор понатаму, да започнат една долга и исцрпувачка кампања и да го постават лимитот на она што јас го подразбирам како Агресивна археологија. Затоа што е создадена доволна бројка на археолози која е еквивален на критична маса на луѓе што може да промени многу работи, која би генерирала повисока свесност за истото тоа богатство и би резултирала со влегувањето на Македонија во EU, каде ќе покажеме дека самите сме способни да менаџираме и да управуваме со сопственото културно наследство..

Но почетокот на сето ова ќе се случи само ако успееме археологијата да им ја доближиме на обичните луѓе. Нешто од типот на:

Open public day at Skopsko kale

што јас го предложив на веќе изминатиот семинар за културното наследство. Однапред определен ден кога граѓаните ќе можат да дојдат, да се прошетаат на Скопското кале и археолозите ќе им бидат на располагање за сите нивни прашања. Да се надевам дека моите колеги, за доброто на сите нас, ќе наседнат на оваа иницијатива 🙂

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here