Home Агата Кристи и археологијата Археолог аматер или на терен со Агата Кристи? (4)

Археолог аматер или на терен со Агата Кристи? (4)

2,186 views
0

Некој ја прочитал Агата Кристи до своја 14 год. возраст. Некој допрва ја открива, а честопати и се препрочитува едно те исто дело зошто со текот на времето дејствијата се забораваат. На некого повеќе му се допаѓаат филмуваните верзии, на некого книгите. Секој може да ја толкува како сака…

Но, факт е дека Агата Кристи била археолог-аматер, иако никогаш не отишла понатаму од тоа, како што е случајот со псеудоархеолозите за чии примери сме свесни и денеска. На ископувањата работела буквално се, само за да биде блиску до својот маж. Дури важела и за одличен фотограф. Кога за прв пат 1936г. се појавиле сликите во боја, таа уште веднаш ја имала камерата и направила ексклузивни снимки по локалитетите на Блискиот Исток. Некои парчиња керамика кои таа ги чистела и ги реставрирала, се уште се дел од збирката на Brithish Museum.

Многумина се прашуваат, од каде наоѓала време да ги пишува своите книги, кога се знае колку е напорен животот на едно археолошко ископување? Посебно на оние од голем размер, на кои и самата таа присуствувала. Незванично по археолошките кулоари постои мислење дека Макс Малован славата и Британската титула и ја должи на неа. Уште еднаш се покажува правилото, дека позади секој успешен маж, стои ,,всушност” успешна жена.

А Агата Кристи е и повеќе од тоа!

Мини серијалот за Археологијата во романите на Агата Кристи можете да го прочитате и на овој начин
Археологијата во романите на Агата Кристи (1)
Археологијата во романите на Агата Кристи (2)
Археологијата во романите на Агата Кристи (3) Дополнување за оние што сакаат да дознат повеќе>/p?

За да се забавувате еве една статија на Утрински весник која е copy/paste од мислење на Александар Палавестра (каде и јас самата најдов доста инспирација), професор на Белградскиот Универзитет. Направете ја сами споредбата. Уште еднаш се покажува дека новините немаат свои компетентни новинари за култура, туку само копираат или едноставно преведуваат статии најдени преку некој од пребарувачите. Оваа е апла симната без да се наведе никаков извор на податоци.

Vajsman, Kristi, Malowen i Chitik - Nimrud 1950

Инаку – освен официјалниот сајт за Агата Кристи, ви го препорачувам Агата Кристи, еден веб сај направен на нам разбирлив јазик, кој навремено е апдејтуван и каде навистина можете да најдете огромен број на податоци сврзани за нејзиниот живот и дело, публикување на книги, филмување на делата, мислења и дебати на читатели вклучително со делови од нејзината Автобографија.

Агата Кристи и археологијата e еден ексклузивен мини семинар на Brithish Museum, кој одел во вид на предавања.

Дури и престижното списание Археологија и посвети еден свој напис насловен како – ,,На терен со Агата Кристи”. За останати дополнувања, доколку имате нешто навистина интересно, можете да го оставите во коментарите.

На крај фала на Панта Реи за линковите на кои можете да ги симнете

Secret Adversary и
The Mysterious Affair at Styles

крај на серијалот

серијалот го посветив на мојот внук Јаков (како поклон за роденден) и мојата братучетка Маја, веројатно еден од најверните читатели на Агата Кристи

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here