Во последниов период доста често давам изјави за странски медиуми кои се заинтересирани за нашето културно наследство од повеќе аспекти. Во едно од нив, одговарам на новинарски прашања поврзани со племето Хунзи и намерите да изградат палата во селото Паљурци која би била своевидна туристичка атракција. И благодарам на новинарката Љубица Гроздановска-Димишковска која ми отстапи простор за моето мислење, кое тука го изнесувам во поширока верзија од публикуваниот текст.
Во однос на иницијативата за изградба на кралската резиденција од страна на Хунзите во Паљурци, би сакала прво да кажам дека секоја иницијатива за вложување во Македонија во било каква сфера и на било кое ниво е добра. Прашањето е дали таа инвестиција ќе биде исплатлива, бидејќи уште како нереализирана идеја овој интерес за изградба на кралската резиденција од страна на племето Хунзи во Паљурци, има голем потенцијал да биде злоупотребена во политички цели. Реализаторите на овој долготраен проект со Хунзите кој започна уште пред пет години, категорично негираат дека освен туристичка, оваа иницијатива има било каква политичка конотација. И покрај тоа, се добива впечаток дека одредени ентитети се обидуваат да инсталираат политички елементи за да го дискредитираат овој проект. Во првата посета пред 2 години на Хунзите во Македонија, наведено е дека причината на нивниот интерес за нашата земја е тоа што се сметаат себе си за наследници на Александар Македонски, кое би требало да биде уште еден доказ за нашиот идентитет. Од аспект на професионален археолог би упатила дека не може туку така да се бара идентитетот од пред 2500 години, а не знаеме што се случувало пред 150 години, од причини што воопшто не се одвојуваат финансии за етнологијата и етнографијата – науки од кои секој народ и држава има најголем бенефит. Хунзите имаат право на определување кое никој не може да им го негира, но може научно да го потврди или оспори. По таа логика, сите народи до Индија, до каде што стигнал овој антички владетел може да се сметаат себе си исто така за наследници на Македонците. Додека не се проверат сите научни опциии и не се отстрани било каква можност за сомнеж, научната јавност треба да биде лишена од вакви турбулентни емоционални медиумски опсервирања кои со себе во вителот го повлекуваат кршливото прашање за идентитетот на еден народ.
Vasilka Dimitrovska, an archeologist and tour guide in Skopje, said the palace is not enough to make Paljurci, which is accessible only via a dirt road, a tourist draw.
“In order to make a place into a tourist attraction, there needs to be good infrastructure. There isn’t any infrastructure in Paljurci. But, in general, there’s one rule in tourism that says that you can sell the product only if it’s well ‘wrapped,’ ” Dimitrovska said.
The Muslim, Pakistani Hunza people will stick out from their mostly Christian neighbors. While most Macedonian believers are Orthodox, Paljurci was once the property of the Catholic Church, after an Italian family bought it from the Ottomans in the 19th century. Although it is not an archeological site, the village has a placard that tells visitors that the apostle Paul came here in the year 51.
Like Gavocanova, the Social Democratic council member, Dimitrovska does not see a connection between the Hunza people and Paljurci.
There are no archeological findings in Paljurci that can be connected to Alexander the Great. The whole idea can be politically misused. We can’t search for identity from 2,500 years ago if we don’t know what happened 150 years ago because the state doesn’t finance research in ethnology. Every nation [in the army’s path] can claim roots from the army of Alexander the Great. But until science checks those facts, the representatives of the scientific community are wise stay out of this sensitive issue,” Dimitrovska said.
Линк до написот Of Palaces and Politics
За да се создаде од едно место туристичка атракција, во најмала рака треба да постои добра инфраструктура, која ненаселеното рурално Паљурци за жал во моментов ја нема. Генерално, во туризмот важи правилото дека секој туристички производ што е добро спакуван, со добар маркетинг реално може и да се продаде. Местото каде што племето Хунзи би сакале да изградат своја палата и припаѓа на општината Богданци. Тие треба да бидат одговорни за долготрајните ефекти од овој тип урбанизација како и исплатливоста на оваа туристичката дестинација за која не се знае однапред дали може да биде економски одржлива. Многу фактори влијаат на тоа дали едно место ќе биде атрактивно за посетителите, кое во голема мера пред се ја вклучува интерактивноста со посетителите/туристите.
[youtube]b1ziGRB61iY[/youtube]
Од друга страна, постојат илјадници туристички проекти во светот кои во моментот на реализацијата делуваат неиздржано, но подоцна го оправдуваат своето постоење. Еден од таквите е и Дизниленд во Париз, кој пред самата реализација бил осуден од апект на тоа што е американски бренд поставен во една неавтохтона средина. Денеска Дизниленд во Париз е една од најпосетените туристички дестинации во Франција.
Располагаме со многу малку податоци зошто племето Хунзи го одбрало токму селото Паљурци за да се вдоми во Македонија. Колку што е познато од досегашните истражувања, на територијата на селото Паљурци не се потврдени археолошки локалитети, ниту пак се регистирани поединечни археолошки наоди вон контекст кои би упатиле на археолошко, или во најмала рака барем на историско значење на ова село. Пошироката територија на општина Богданци е богата со културно-историско наследство, но во моментов многу малку се знае конкретно за Паљурци. Позицијата што ја имаат истражувачите во недостатокот на валидни историски документи, најмногу се однесува на проверување колку информациите за значењето на селото пласирани во јавноста, се веродостојни. Секоја информација мора да биде повеќепати и повеќестрано проверена и потврдена со научни докази. Во спротивно, никој не може да ги спречи граѓаните да веруваат во приказни и преданијата кои се од особен интерес за антрополозите и етнолозите. За разлика од нив, археологијата е наука која бара физички докази, т.е. артефакти. Всушност сите научни заклучоци се изведуваат главно врз база на артефактите. Сепак, отсуството на расположиви докази дека нешто не постои, не е доказ дека дека тоа постои, што е случајот со шпекулативните историски аргументи за Паљурци. Како и да е, според законот за Културно наследство, пред било каква градежна активност, на тоа место мора да поминат археолозите за да се регистираат дали постојат остатоци од било кој тип културно наследство.
[…] територијата на Кралството на Античките Македонци, трагањето по нашиот идентитет пред се антички за сметка на долго прокламираниот […]