Дома Антропологија Видео интервју за новинарски интернет портал

Видео интервју за новинарски интернет портал

2,902 views
0

Вчера попладне дадов интервју за порталот intervjua.com.mk. Добив невообичаено интересни прашања од новинарот Миодраг Мисолиќ, кој го менаџира истоимениот портал. Интервјуто е во форма на видео-прашалник, а моите одговори се кратки, јасни и прецизни без било како двоумење, глумење, цензурирање, модерирање или накнадно монтирање. Зборувам за се уште свежиот инцидент со црквата-музеј на Скопското Кале, за политизација на културното наследство, за ванаби археолози и историчари итн …

Благодарност до колегите и нивната поддршка во форма на коментари кои ги пишуваат на социјалните мрежи. И да, навистина сметам дека е крајно време да се престане со политизација на културното наследство кое потекнува од територијата на Република Македонија. И да се остават археолозите да ја работат својата професија. Сакам да работам наука, а не политика!

[youtube]5AakEbJdYDI[/youtube]

Линк до моето интервју на порталот Интервјуа.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име