Home Археологија Прирачник за археолошка етика – репринт

Прирачник за археолошка етика – репринт

2,620 views
0

Во контекст на случајот со штитовите и археомафијата, правам репринт на еден мој постар пост.

По правило доколку еден археолог се наоѓа на ископување на некој археолошки локалитет, сите ископани артефакти (вклучително со екофактите, за кои ќе објаснам во некој следен пост), му припаѓаат на музејот, т.е. доколку тој не постои, предметите се носат во локалниот завод за заштита на спомениците на културата. Ако и тоа го нема значи тие се под се под директна јурисдикција на Републички завод за заштита на спомениците на културата – Скопје. Во секој случај, според важноста на наодите, по закон се регулира и одредува нивната крајна дестинација во некоја од институциите.

Инаку археологот, кој е ностител на дозволата за археолошки истражувања (која претходно мора да се добие од гореспоменатиот завод) е должен пред да го напушти теренот да се потруди максимално тој да биде технички обезбеден. Во рок од 3 месеци да поднесе до Управата извештај за извршените археолошки истражувања. Во рок од една година на Управата да и ја предаде финалната документација од  истите. Во рок од три години да ги објави резултатите  и  да ги предаде движните наоди на веќе споменав, некоја од институциите. Е сега станува појасна мојата дефиниција дека ништо не се публикува на толку ископувања през годиниве. Деме жими ашимов се немало пари. Се нема пари или необразованост. И пак ќе напоменам. Квазиархеологијата длабоко е вкоренета кај доста академски образовани археолози. Тоа е факт и нема бегање.

Бидеќи не може се да застане во еден пост, се одлучив тука да проговорам, но официјално, за статусот на употреба на опрема за детекција (читај метел-детектори). Метел-детекторот е едно ептен згодно техничко средство, нормално погодно за детекција на предмети од археолошко значење. Може да биде употребен при археолошките истражувања, но само ако сопственикот на истиот има добиено писмено одобрение од Управата, на свое барање. Метал-детекторот не смее да се употребува за нелегални ископувања, откривања или отстранувања на елементи од археолошкото наследство.

Јас сум присуствувала на доста ископувања (во земјава, никогаш во странство) каде е користен метал-детекторот. Не можам да кажам дали е добро или лошо. Обучувана сум надвор, и припаѓам на онаа генерација на која методолошкиот пристап при ископување е само со помош на метличка и четкичка. Добро понекогаш и крамп, но во исклучителни случаи.

Факт е дека голем број од археолозите имаат метал-детектор. И тоа личен. За некој ако решил да се бави со продажба на артефакти на црно, тоа и не е толку скапа играчка (некои си 2000ЕУР). А и не мора да биде археолог. Но ако нешто најде, што ќе стори со тоа???

Значи ќе се надоврзам на т.н. Хипократова заклетва. За жал оваа заклетва кај археолозите не постои. Се е оставено на стабилната психа, здравото резигнирање и цврстите ставови на еден археолог што да прави со артефактите кои ќе ги најде. А посебно ако се работи за рекогносцирање, а не ископување. Но како и да е. Секој граѓанин има должност и неотповиклива одговорност за грижата и почитувањето на своето културно богатствотво.*

клучни зборови: , , , , , , , , , , , .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.