Home Блогосфера Археоблог (повторно) публикуван во Блогопедија 2009

Археоблог (повторно) публикуван во Блогопедија 2009

6,306 views
2

Мојот текст “Археологијата на твојата фамилија” е публикуван во книгата Блогопедија 2009. И многу сум радосна поради тоа, бидејќи патешествието за годинешниот БлогОпен ми започна со непријатно искуство на Автобуската станица во Скопје, а заврши со неодредено чувство по два нецели дена поминати во Ниш. Впечатокот се поправи откако луѓето што ја имаат франшизата за овој настан ги објавија правилата кои треба да се почитуваат за да организира собир кој ќе оди под заштитното лого на оваа конференција.

И годинава како и лани, појдовме шака блогери да бидеме дел од овој настан. Молам без увреда, но штом веќе втор пат по ред одам, значи навистина го сакам @BlogOpen. Според моето субјективно мислење и сумираните искуства, сметам дека BlogOpen треба да остане во Бор. Бораните лани имаа одлична организација и се прилично јака интернет групација ориентирани генерално околу BITNO (Borska internet organizacija).

Но да се вратам на Блогопедија. На официјалниот сајт на BlogOpen – традиционална регионална блогерска средба која годинава се одржа во Ниш, беа објавени авторите чии дела ќе влезат во книгата Блогопедија 2009. На конкурсот кој беше отворен до почетокот на септември 2009, од пристигнатите 170 трудови, избрани се 50 автори, помеѓу кои спаѓа и мојот текст. Иако, за мене веројатно во изминатава година најдобар блог пост ќе остане оној на Aleksandar Ilić – Pronađena grobnica Aleksandra Makedonskog, кој ги посрами скоро сите посериозни македонски медиуми што наседнаа на шегата.

Ова е втор пат по ред да бидам публикувана на регионално блогерско ниво, а во продолжение го пренесувам во оригинал постот напишан од уредувачите на оваа книга – Slavko i Srđan.

Zdravo, blogeri!

Nismo vas zaboravili 🙂
Malo neozbiljnosti i obaveza čine svoje. Nemojte nam zameriti. U ovom postu prikazaćemo listu svih blogera čiji su tekstovi ušli u ovogodišnji sadržaj Blogopedije.

Samo da kažemo nekoliko reči u vezi sa statistikom.

Pristiglo je preko 170 radova (pesama, priča, tutorijala, blog postova … ).
Izabrano je 50 autora čiji će se radovi objaviti u Blogopediji, odnosno 51 tekst (jedan autor ima dva teksta, post iz dva dela).

U BLOGOPEDIJI 2009 ČITAJTE :

Текстови поврзани со БлогOпен 2008/2009

Бидна и BlogOpen09 во Ниш
Конкурс за Blogopedia 2009
БлогОпен 2009 (еТврдина), Ниш
Гостување на Археоблог во емисијата Ало Скопје
Како изгледа Археоблог публикуван на српски јазик
Ете бидна и BlogOpen 2008 во Бор
Археоблог публикуван во Блогопедија 2008
Blogopen 2008, конкурс за Blogopedia и една нова понапредна блогерска заедница

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here