Home Cпонзорирано Нашето истражување во Архивот на Југославија

Нашето истражување во Архивот на Југославија

973 views
0

Како што имам веќе претходно пишувано, некаде кон крајот на 2018 година и почетокот на 2019 година започна соработката на ХАЕМУС со Пивара Скопје АД (денес дел од семејството на Coca-Cola HBC и HAENEKEN N.V.). Kомпанијата за производство на пиво и безалкохолни производи Пивара Скопје АД, заедно со компаниите Европа и Алкалоид е една од трите фабрики што го градат идентитетот на градот Скопје и неговата економија во последните стоттина години.

Посетата во Архивот на Југославија ја направивме во јули 2019 година

Како дел од оваа долгорочна соработка, една од задачите на ХАЕМУС беше истражување на историјата поврзана со развојот на компанијата именувана на своите почетоци како „Парна Пивара АД Скопје“ преку истражување на оригинални архивски документи.

Откако ја завршивме успешната посета на Архивот на Југославија во Белград во 2019 година, со тимот на ХАЕМУС ги пронајдовме оригиналните историски документи за почетоците на компанијата, вклучувајќи ги и статутите на основање, како и разни документи за развојот и тековните активности на пиварницата за време на периодот 1922—1939 година.

Како истражувач кој го откри оригиналниот документ за основање на пиварницата, горда сум што нашето истражување и пронаоѓање на драгоцени архивски документи е основа за градење на историскиот идентитет на Пивара Скопје АД, кој пак се надоградува на веќе постоечкото индустриското наследство на компанијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here