Home Археологија When modern visual art imitates heritage

When modern visual art imitates heritage

2,463 views
0

Верувам дека сите сте чуле за ултра мега популарните, ем ептен згодните Il Divo. Видео клипот за една од нивните песни насловена како ,,Regresa A Mi” опишува дејствие во кое четири момчиња од мало гратче секој со својата професија и навидум тежок живот, во еден момент тргнуваат кон големиот град да станат познати оперски пејачи. Спотот е така дизајниран за да ни создаде вкалапено мислење дека во него треба да препознаеме “автентично” приморско место некаде на Медитеранот, пристаниште со бродчиња, а сета таа стара архитектура во позадината облиена со виножито од златно-жолти бои да ни предизвика чувство на топлина, блискост и фамилијарност.

[youtube]DJNzmNB48no[/youtube]

Песната е толку добро преадаптирана и аранжирана, што на прво, второ и трето слушање се чини како да е популарна романтична балада отпеана на шпански и оригинално напишана за Il Divo, а клипот визуелно придонесува да се долови аритектурата, прикажувајќи ни момент од историјатот на едно приморско место. За да биде аудио-визуалната ,,превара” комплетна, песната на Il Divo е всушност оригинално отпеана од Тони Брекстон во 1996 година под наслов Un-break My Heart, а локациите од наведениот спот се снимани во Словенија.

Does (visual) art imitates art to capture heritage? Hm…

Како што имам објаснето во еден поранешен пост, дигиталната уметност (поточно дигиталниот фотомозаик како една од формите) може да придонесе за поголема популаризација на културното наследство. Ние треба да веруваме дека виртуелното културно наследство кое го гледаме, е автентично. Но дали дигиталните објекти секогаш мора да претставуваат реална слика на објектите? Не ги обвинувам големите ѕвезди кои го користат визуелниот медиум за да си ја зголемат својата популарност. Но се п(р)овлекува прашањето – Дали со ова се урнува границата на она што може да биде разлика помеѓу реално и автентично културно наследство?

Дали сите архитектонски објекти кои ги гледаме се вистински, или се автентични? Да појаснам. Повеќето од културните локалитети кои се познати во светски рамки не се тоа што изгледаат дека се’. Некои од нив со текот на столетијата поради најразлични причини претрпеле промени кои се видливи. Ќе набројам само неколку примери.

1. Фасадата на Руенската катедрала толку многу сликана од Клод Моне (Claude Monet), има претрпено огромната реставрација при која се заменети скоро сите оригинални склуптури кои биле поставени на неа.

2. Партенон во Атина бил изграден во 5 век п.н.е. Со текот на времето бил црква, па џамија со минаре, пред да биде разнесен во 1687 година во моментот кога служел како магацин за муниција. Она што го гледаме денеска е реконструирано неколку пати.

3 Пирамидата на сонцето (Teotihuacán) во Мексико била неколу пати доградувана пред конечно да се сруши. Она што денеска го познаваме е веројатно нејзина зголемена и не баш коректна верзија од 1910 година.

Pre-Hispanic City of Teotihuacán

 UNESCO World Heritage Site

Долга е листата на спомениците кои само ни се чинат дека се автентични. Што е разликата помеѓу автентично и вистинско? Поимот автентичен не упатува на тоа дека она кое го гледаме е оригиналниот локалитет/објект. Еден споменик кој е руиниран и чии оригинални материјали се зачувани само делумно, не е целосен, но секако дека е автентичен. И тоа само во случај доколку не бил претходно реконструиран и/или адаприран. Реконструкција е постапка кога еден објект/локалитет се враќа во неговиот поранешен познат облик, а адаптација (кај нас позната како ревитализација) ги поздразбира промените на објектот/локалитетот кога му се враќа оригиналната, т.е му се доделува нова намена.

Во секој случај следниот пат кога ќе погледнете некој видео спот или појдете на некое патување, гледајте добро. Она кое што ќе го видите може да биде автентично. А може да биде и вистинско. 🙂

Корисни линкови:
ICOMOS Declaration of San Antonio on Authenticity
It looks authentic but is it real?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here