Современите топоними се интересни од повеќе аспекти, па и покрај тоа што навидум немаат допирна точка со сегашноста, можат да упатат на една друга реалност. Или можеби минато. Отсекогаш ми била интересна онаа кумановската изрека: ,,Се гледамо вечер куде тумбу и четири бандере“, посебно поради тоа што во Куманово воопшто нема никава тумба. Ја нема сега, но не значи дека нејзиното отсуството е доказ за присуство. Или обратно.
На Македонската Википедија неодамна за терминот Тумул го поставив следниот текст:
Тумул (lat. tumulus), е големо насипување од земја или камен кое е покриено заради траен и надалеку видлив знак дека на тоа место се наоѓа гроб. Гробот може да биде на поединец или на поголем број од членовите на една заедница (фамилија, род, сталеж). Тумулите можат да бидат насипани во еден потег одеднаш, или во повеќе наврати и имаат различни димензии и структура, во зависност од периодот од кој потекнуваат, како и од угледот т.е. друштвената позиција и есхатолошките разбирања на личноста које е закопана во нив.
Во археолошки смисол кога ќе се каже зборот тумба тој веднаш како под дифолт асоцира на населба од периодот на Неолитот. Кај нас тумба (пр. Маџари), во Турција хјујук (пр Чаталхјујук), на блискиот Исток тел (пр Тел Авив) сите овие топоними (заедно со горенаведениот) детерминираат насипување или напластување на земја под која се наоѓаат структури различни по своето потекло.
На Балканот и во Македонија варијанти на зборот могила ќе ги сретнете уште како магула (Тесалија), магура (Романија), или како гомила (Словенија). Трагајќи по поширокото значење на зборот тумба, освен горенаведените на видело излегоа повеќе македонски зборови (тумулус, хумка, пласт, насип и др.) кои би можеле да го објаснат во поширок смисол овој назив, но не и да го детерминираат докрај, затоа што научните термини и народниот јазик честопати не се совпаѓаат по своето значење.
Фала богу што англичаните го користат претежно mound како збор за сите овие појави, oти да беа повеќе називи, каде ќе ве барав по Куманово. 🙂
Клучни зборови: archaeology, contemporary, toponim, Wikipedia, tumulus, tumba, höyük, tel, mogila, magura, gomila, humka, plast, mound, earth, structure, Neolithic, Madjari, Kumanovo, Turkey, Çatalhöyük, Near East, Tel Aviv, Balkan, Macedonia, Tesalia, Romania, Slovenia, археологија, современ, топоними, Википедија, тумул, тумба, хјујук, тел, могила, магула, магура, гомила, тумулус, хумка, пласт, земја, насип, структури, Неолит, Маџари, Куманово, Турција, Чаталхјујук, Блиски Исток, Тел Авив, Балкан, Македонија, Тесалија, Романија, Словенија