Културното наследство од минатото е скапоцен, не-обновлив извор. Како дел од нашето неделиво човечко наследство им припаѓа на сите луѓе, бидејќи од него учиме, растеме и се надраснуваме на лично и општествено ниво. Секое негово уништување не лишува од информации за древните општества кои како црни дупки се појавуваат во историјата на човековото минато.

Детал од Портата на Иштар – Пергамонски Музеј, Берлин
По двете случки кои следеа во последните 20 години, денес светски познатиот локалитет Вавилон (Babylon), е само една руина. Згора на тоа во 2008 година UNESCO го симна од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. Дали вреди што американската влада ќе даде 800.000$ за “рехабилитација” на Вавилон, кога USA трупите во 2003 комплетно го демолираа и непровратно уништија дел од заедничкото светско културно наследство! Дали вреди да се ревитализира нешто во реална форма, кога она што било автентично веќе не постои?
[youtube]1K7exfpRvpg[/youtube]
Детали од Портата на Иштар кои ги снимив во Музејот на Ориентални уметности, Истанбул



