Home Антропологија БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ

БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ

4,547 views
2

Организатор и домаќинДимитровска Василка
Тип: Полудневна тура низ Скопје
Датум: Недела, Мај 13, 2012
Време и Локација: наведени на ваучерот
Град: Скопје, Македонија
Местo за подигнување на ваучерите:  eXperience cafe (Плоштад Македонија, Скопје)

Пред Чифте Амам
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски

Во недела на 13.05.2012 за сите заинтересирани граѓани организирам бесплатен разглед на градот Скопје со посета на културно-историските споменици од Отоманскиот период. На крајот од пешачкиот разглед ќе следи дегустација на чаеви од LaSoy Aromatherapy Shop во кафулето Beni’s YellowSubmarine (Безистен), во стариот дел од градот, во пријатна атмосвера збогатена со музичка програма во амбиентот на самата тура.

Ваучери: Во согласност со Законот за туристичка дејност, бројот на посетители во оваа тура е ограничен, а сите заинтересирани можат да подигнат ваучер за присуство во eXperience cafe на Плоштадот Македонија во Скопје. На ваучерот ќе бидат наведени времето и местото на поаѓање на овој бесплатен разглед низ Отоманското наследство на Скопје. Една персона може да подигне најмногу до 2 ваучера.

Со ваучерите доколку оставите ваш контакт (телефон, мејл), следи и бесплатно предавање од Синергија Плус, агенција за финансиска писменост во Македонија, која е исто така еден од спонзорите на овој разглед.

На платото пред Куршумли Ан каде објаснувам
за Скопското кулие

Споменици вклучени во турата: стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопско Кале, Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија.

Ова се традиционални тури (клик тука за резиме) кои од 2006 година ги организирам за сите пријатели од реалниот и виртуалниот свет. Ова најмногу се должи на мојата почит кон културното наследство, љубовта кон мојот роден град Скопје и секако на некој начин тоа е мој поклон до сите оние луѓе кои ме читаат, ми пишуваат и ме поддржуват на интернет сите овие години. Се надевам дека сте заинтересирани и се гледаме на едно убаво дружење.

Настанот со своја страница на фејсбук

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here