На платото пред Куршумли Ан каде објаснувам
за Скопското кулие
Организатор и домаќин: Димитровска Василка
Тип: Еднодневна тура низ Скопје
Датум: Недела, Maј 15, 2011
Време: 10:30 am – 12:30 pm
Локација: Пред пешачкиот премин (надвозникот) од страната на поликлиника Бит пазар (наспроти самиот Бит пазар)
Град: Скопје, Македонија
Во недела на 15.05.2011 за сите граѓани организирам бесплатен разглед на градот Скопје со посета на културно-историските споменици од отоманскиот период за кои не се потребени влезници.
Итинерар: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопско Кале.
На крајот од пешачката тура ќе следи дегустација на вината од винаријата ‘винаријата ‘Картал‘ во Bourbon Street во стариот дел од градот, во пријатна атмосвера збогатена со музичка програма. 🙂
Фасадата на Гази Иса Беј џамијата во Скопје
Настанот е подржан од Macedonia Vision, incoming програма за промоција на природно и културно наследство, Травел тренинг центарот за обука на професионални водичи, fish & jazz bar NEW ORLEANS како и Винаријата ‘Картал‘.
Поканети се сите заинтересираните граѓани на една необична прошетка низ Отоманското наследство на Скопје. Се посетуваат наведените локации, а турата ќе почне од Султан Муратовата џамија која се наоѓа на ридот наспроти Бит Пазар, а потоа ќе продолжи во Стариот дел од градот Скопје, познат и како Стара чаршија.
Пред Чифте Амам
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски
Ова се традиционални тури (клик тука за резиме) кои секоја година ги организирам за сите пријатели од фејсбук и твитер. Се надевам дека сте заинтересирани и се гледаме на едно убаво дружење.
[…] Постер изработен од блогерите на Blog.mk за една од моите бесплатни прошетки низ Скопје […]