Дома Археологија Акцијата Фаланга и моето гостување во Фактор 5

Акцијата Фаланга и моето гостување во Фактор 5

2,973 views
2

На покана од новинарката Лидија Богатинова, вечерва во 19ч. заедно со проф.д-р Никос Чаусидис и господинот Паско Кузман (УЗКН) ќе гостувам во емисијата Фактор 5 на Канал 5 Телевизија. Темата е акцијата на МВР која реши да се справува со крадците на нашето богато културно наследство.

Со акцијата Фаланга (1,2,3,4,5), за која патем сите дознавме вчера од медиумите, почна да се одмотува една многу болна тема за Република Македонија како општество – кој ги краде и препродава артефактите и антиквитетите и со тоа нанесува огромна штета како по науката, така и по идентитетот на една држава. Во изминатите неколку години на моите сајтови и блогови ја следев тематиката за Археомафијата во Македонија (доста често пишуваше и Волан), за која разни ентитети се изјаснуваа де ја има, де ја нема како појава.

Не знам имиња, само она што е пуштено како информација во медиумите од страна на МВР. Белењето на потеклото на антиквитетите и откраднатите артефакти не треба да се бара во Македонија, иако и тоа е многу важно. За да некој предмет стигне до одредена светска аукциска куќа каде ќе го купи некој многу богат колекционер, во меѓувреме треба да добие сертификат за оригиналност, и пред се потекло. Но да, се сложувам, мора да се стави крај и на оваа алка во Македонија која ги опфаќа поситните риби во тој ланец: дивите копачи, домашните колекционерите и трговците со антиквитети од прв ред. Патем, меѓу наведените професии имаше директори на институции и професори. Се надевам дека нема и археолози. 🙁

2 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Акцијата Фаланга – Едуцирај се себе, па научиме и мене » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име