Во почетокот наместо топка, веројатно се шутирале камења. Што секако е спорт кој не ви го препорачувам.
Сепак најстарото споменување за фудбалот датира од Кина во периодот околу 476 година п.н.е – 221 година н.е. Jа опишува игра Cuju, која е нешто слично на она што е денеска нашироко познато како фудбал. Иако треба да се знае дека Фудбалот е заедничко име за повеќе спортови во кои се употребува топка, со цел е да се постигне гол. Историјатот на фудбалот познава многу настани поврзани со него, како на пример најстарата зачувана топка на светот, која беше донесена на почетокот од светкото првенство во фудбал во Германија за да посведочи за културните традиции на овој спорт.
Во контекст на фудбалот како пропратен феномен скоро отсекогаш се појавувале тепачките помеѓу пристрасните приврзаници на спротивставените екипи. Се надевам дека ви е се уште свеж настанот од пред година и пол кога бандитското однесување на италијанските навивачи уби полицаец, а притоа умре и еден инспекор на кого му фрлија бомба.
А pro pos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.
Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон. Зошто ова ми изгледа доста познато??? А? :))))))
Of the record … навивам за фудбалот, молам, ништо лично. 🙂
Draga Vasilka,
nadam se da ste se sretno vratili kući!
Web site ti je odličan, no imam malih problema sa ćirilicom 😉 Fali mi iskustva, pa slovkajuci i s uloženom velikom koncentracijom ipak nesto i procitam 🙂
Lijep pozdrav iz Makarske!
Благодарам Вице на коментарот, ни твојот блог не заостанува. Се надевам дека ќе се навикнеш на кирилицата.
А Макарска е прекрасна. Планирам пак да се вратам набрзо. 🙂
[…] на Кина во Science Magazine Маски Let the Olympics Games Begin Во пресрет на Европското полуфинале во фудбал 2008 Археологијата и политката 1 – Peter Ucko (In memoriam) […]