Прашање е колку културното богатство на една земја е сигурно. Но не од безбедносен, туку од научен аспект. Археолошката меморија исто така може да биде многу селективна. На Балканот имате безброј вакви примери, а најсвежиот се т.н. Пирамиди во Босна. Дури и по тригодишните археолошки ископувања сепак не ни го обзнанија својот специфичен лик на нам луѓето, кои се уште не знаеме какви древно-босански ентитети ги изградиле. Сепак ќе останат сведок за успешниот маркетингшки обид една земја уништена од војна, да ја постават на културната мапа на светот. Најинтерсниот момент во целата оваа лакрдија е тоа што зад овој проект не стои никој друг, туку самата Босанска влада. Иако Пирамидите во Босна не се конкретна тема на овој пост, но кога се тие во прашање, каде е овдека вистината?
Кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано (како што е случајот со Скопското Кале) ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.
Посебно симпатични за конструирање на вистината се Митовите за националниот идентитет, една од омилените друштвени игри. Поткрепена со соодветни артефакти, ова може да биде одлично поле за играње во сверата на историската археологијата, со идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки. Со многу пречки.
Турците го владееле цел Балкан со векови вклучувајќи ja и сегашната територија на Грција. Главниот град на таа империја (денешен Истанбул) моментално се наоѓа во Турција и заладувањето на односите помеѓу овие две земји доведоа до тоа да грчките археолози имаат различни приоди кон своето отоманско минато. Скоро сите се сложни во желбата да го прескокнат овој дел од својот идентитет, но затоа пак во потрагата (од секаков тип) во моментите кога се нема никаков друг изговор, добар изговор за било што се античките Македонци.
Таканаречените Diverse Approaches to the Ottoman Past, укажуваат на тоа дека Грците имаат слаба претстава за туѓите, ама многу добра претстава за својата култура, додека во науката незванично важи дека прават “hysteria over history”.
Но археологијата, науката и знаењето вклучително со сите помошни и пропратни науки, не се состојат само од штуро пласирање на информации туку и од нивна обработка во еден поширок хуманистички апект. Оној момент кога ќе се направи контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура, веројатно може да се добие верзијата која е најблиска до вистинската. А се до тогаш, посакувам публикување на сите наоди заглавени по депоата на македонските музеи со години. Кој знае каква вистина ќе конструираат тие ако воопшто некогаш ја згогледаат светлоста на денот.
Свесна сум дека секогаш ќе постои проблемот оти предност за некоја тема или теза (па макар била и погрешна) во однос на обичниот човек ќе ја има ,,научникот”, само поради фактот што има титула. Затоа ми се допаѓаат блоговите каде што секој може да напише своја гледна точка за некој настан или пак да изнесе став за одредена тема. Така повеќе извори може само да создадат одредена слика која е многу блиска до реалноста. Како што вели Венко Андоновски во неговата последна колумна ,,Семиотика на шлаканицата“, секогаш ќе важи она пост-модернистичко сваќање за стручњак кој пишува ангажирано – дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина. И постојано ќе ви ја повторувам, за случајно да не подзаборавите некој детал.
Никој нема право да го поседува минатото, ниту пак иднината. Мототo кое се протега во позадина на Археоблог сите овие години е дека ,,The history of knowledge is not given – it has to be constructed, in order to achieve a better world in the future“. Би ве поканила да го сториме тоа заедно. Со блоговите и блогосверата дадена ви е моќ и имате можност да учествувате во создавањето на дел од историјата. Затоа не чекајте, блогирајте. Што ќе биде вистина, а што реалност, ќе покаже времето. Та нели тоа беше најмудро. 🙂
Текстови на слична тематика:
Розетата на нашите комплекси
Манчевски: Негирањето нема ја смени вистината за Македонија
„…грчките археолози имаат различни приоди кон своето отоманско минато. Скоро сите се сложни во желбата да го прескокнат овој дел од својот идентитет, но затоа пак во потрагата (од секаков тип) во моментите кога се нема никаков друг изговор, добар изговор за било што се античките Македонци.“
Па и ние го правиме истото. Ние одиме и подалеку, не го скокаме само отоманското минато туку последните 2200 години, претставувајќи се како „деца на Александар“. По која логика луѓето што живеат во денешна Албанија, Србија, Бугарија и Грција не се „деца на Александар“ исто колку и ние?
http://jovansblog.dobroutro.com/opsto/rosetta/
Коинцидентно во исто време.
Здраво Митко,
делумно си во право, а што тоа ги спречува околните народи да конструираат удобно минато кое би им одговарало и политички и етнички. Најтрагично е што секогаш можат да се земат неколку археолошки артефакти вон контекст и да се доведат во спрега да звучат како вистина.
Не треба да се елиминира, туку треба да се инкорпорира секој генетски код кој поминал низ еден народ и го извајал како нација. Во тоа се моќта и предноста. Не можеш да побегнеш од она што си.
Ти благодарам за коментарот.
Јован,
коинциденција или не си поставил слично прашање кај тебе на блог, и самиот делумно си одговорил на него. Впрочем тука се отвора уште едно прашање, а кој има право да го создава, да управува со културното наследство (на една земја, народ итн.) и да донесува одлуки за него во име на повисоки цели. Обичните луѓе, науката или политиката.
Арвена здраво.
Во контекст на твојата професионалност, и ангажман, морам да споделам нешто интересно со тебе – вистинската личност од оваа област.
Подолго време живеам во Албанија.
Во слободно време сакам да посетувам музеи и археолошки опсерватории.
Муабетот ми беше. Во Драч, во националниот музеј, покрај културните монументи на Албанија ме изненадиа и античките остатоци од древна Македонија.
Постои една добро сочувана камена порта на која пишува МАКЕДОНИЈА (на античко писмо), и безброј преедмети за постоењето.
Но девојката која работеше таму фино ми објасна дека Македонските кралеви задолжително ги одбирале коњите за кралската ложа од АПОЛОНИЈА (место кај Фиер на југ).
Колку ти знаеш за ова нешто?
Дали е веродостојно тврдењето?
Навистина ме интересира, но со оглед дека јас бркам друга работа, а немам време за истражување, би бил благодарен ако имаш одговор.
поздрав
Марјан
[…] во стилот на онаа пост-модернистичката изрека ,,Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…“, се обидов да го лоцирам проблемот на историската […]
Мислам дека во текстов пронајдов некои мои мислења во врска со избрзаното и можеби нестручно интерпретирање на археолошките наоди. Во право си дека треба да се пишуваат по блоговите мислења околу толкување на наодите
и сл. многу почесто и да се ставиме во
помош на вистината и осуда на нестручноста или недоволното познавање на некоја област на самиот истражувач – многу погласно!
Поздрав до тебе!
http://silenus.blog.com.mk/node/147824
Здраво Марјан,
што се однесува до градот Аполонија во Албанија (има уште една Аполонија-милетска колонија, денешен Созопол во Бугарија), податоците велат дека е формиран како коринтска колонија некаде на почетокот од 6 век п.н.е., а е позната по тоа што ковала монети. Археолошките остатоци воглавном потекнуваат од римскиот период, што не значи дека ги немало и порано. само што археологијата во Албанија благодарение на француската школа многу се разви во последните 15 години, па оттука има и многу нови моменти. Не сум најсигурна за податокот дека Македонските кралеви задолжително ги одбирале коњите за кралската ложа токму од Аполонија, што не значи дека не е точна информацијата. Ќе пробам да побарам некои податоци, па ќе ти кажам накнадно. Но ете видиш, и тука се повторува истото. Дајте ми еден артефакт и јас ќе ви направам приказна. Tака мене ми се случи многу одамна еден водич во Ефес да ми каже дека оттаму поминал Ханибал. Три дена сум се чудела на глупостите кои ги изнаслушав за само неколку саата на овој комплексен локалитет.
Antigonos Gonatas,
пишувај слободно, а критиката постои за да те направи подобар. Штета што некои луѓе имаат отпор кон блоговите. Во мојот живот сум сретнала персони кои знаат историски податоци и археологија подобро и од некои мои колеги. Немам ништо против и оние кои не се стручњаци да гo искажат своето мислење јавно. Честопати, можат да бидат и од помош набљудувајќи ги работите одстрана, низ призмата на некои свои согледувања.
Поздрав 🙂
[…] MUZA IZ SNA/Dejan Sinadinović SLOBODNA TEMA / Kristina Ljevak SOUND OF MUSIC / Nebojša Krivokuća DAJTE MI DVA-TRI PODATKA I ISKONSTRUISAĆU VAM ISTINU / Vasilka Dimitrovska SOBA / Gordana Vasić NOĆAS MI TREBA MOJA ULICA / Glumac MAJSKI SNEG / […]
[…] Кими, на конкурсот за Блогопедија 2008 е избран текстот ,,Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…“, еден од двата поста кои ги пратив на овој конкурс. […]
[…] со два текста – Блогот како виртуелен артефакт и Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…. Долго време размислував дали да пратам мои текстови […]
[…] се публикува уште еден мој научен текст. Потикната од постот кој неодамна беше објавен во Blogopedija, во него се бавам со конструирање на реалности и […]
[…] мислење на археологот што го истражувал. Дајте ми на мене два-три податока и јас ќе ви конструир…. Квазиархеологијата која ја нарушува вистинската […]
[…] лишена од неговите субјективни интереси. Туку и од контекстуализација на информацијата која својот живо…. Тогаш веројатно може да се добие верзијата која е […]
[…] Живееме во епоха кога само ни се чини дека контролата на информациите е огромна. Новите медиуми се меч со две оштирици и треба крајно да се внимава со шпекулациите. Не смееме да заборавиме дека тие се бесплатна алатка до која сите имаат пристап. Така сите можат во исто време да конзумираат, но и да “произведат” информација. Станува невозможно да се контролира протокот на информации кој доаѓа од многу различни извори. Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја. Дајте ми и на мене 2-3 податока, и јас ќе ви конструирам каква сакате археолошка вистина. […]
[…] во стилот на онаа пост-модернистичката изрека ,,Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…“, се обидов да го лоцирам проблемот на историската […]
[…] Една година од објавувањето на мојата книга Археолошки денвник, таа беше ставена под лиценцата на Криејтив Комонс. Со оглед на тоа што бројот на превземања од интернет го надмина првиот печатен тираж, јас сум сосема задоволна од овој потег. Мојот текст Археологијата на твојата фамилија беше публикуван во книгата Blogopedija 2009 – која претставува сублимат од најдобрите постови за изминатава година пишувани на српски, хрватски, бошњачки или македонски јазик. Ова е втор пат еден мој текст да биде публикуван на регионално блогерско ниво, по минатата година кога за Blogopedia 2008 беше избран “Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…“. […]
[…] текст кој првобитно беше објавен на мојот сајт. Подоцна беше публикуван во Блогопедија 2008 (која […]
[…] Tекстот ”Археологијата на твојата фамилија” беше публикуван во книгата Blogopedija 2009 – која претставува сублимат од најдобрите постови за изминатава година пишувани на српски, хрватски, бошњачки или македонски јазик. Ова е втор пат еден мој текст да биде публикуван на регионално блогерско ниво, по минатата година кога за Blogopedia 2008 беше избран “Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам висти…“. […]
[…] […]
[…] […]
[…] […]
[…] MUZA IZ SNA/Dejan Sinadinović SLOBODNA TEMA / Kristina Ljevak SOUND OF MUSIC / Nebojša Krivokuća DAJTE MI DVA-TRI PODATKA I ISKONSTRUISAĆU VAM ISTINU / Vasilka Dimitrovska SOBA / Gordana Vasić NOĆAS MI TREBA MOJA ULICA / Glumac MAJSKI SNEG / […]
[…] сметка на старата, да се создаде нова историја, тогаш дајте ми 2-3 податоци и ја ќе ви конструирам вистина, онаква каква што сакате. Само немојте рандом да […]
[…] сметка на старата, да се создаде нова историја, тогаш дајте ми 2-3 податоци и ја ќе ви конструирам вистина, онаква каква што сакате. Само немојте рандом да […]