The whole grave, grave, and nothing but the grave
Како што се вели во шега, сите археолози најмногу од се сакаат да копаат гробови. Но тоа не е поради нивната чудно извртена смисла за хумор, туку поради факот што гробовите претставуваат непроценливо богат извор за една цела палета на информации. Така по некој специфичен предмет и прилог може да укажат на потеклото на умрениот, неговата професија, а меѓу другото и социјалниот статус. И во минатото (како и денеска) луѓето кога умираале се погребувале според своите обичаи. Секој човек со себе си носел магија на културата, печат на времето и симбол од местото од каде што доаѓал. Ако уште во гробот се наоѓала и монета (а во минатото било вообичаено во секој гроб на починатиот да се остава монета), тоа претставува еден несоборлив доказ за прецизно датирање на археолошките наоди.
Една невообичаена архитектура
Сите стари народи имале polis и necropolis. И додека полисот е градот на живите, до толку некрополисот го означува градот на мртвите луѓе кој вообичаено се наоѓал надвор од местото на живеење. На пример целиот тој дел околу Египетските пирамиди е град на мртвите, заради тоа што пирамидите се гробници. Дипилон (или Двојната врата) која се наоѓала во делот од населбата која и ден денес се вика Керамеикос била улица-некропола каде од двете страни биле наредени официјалните гробници. Познати се и вазите од Дипилонските гробишта крај Атина во кои се закопувале покојниците.
Дипилонските вази во кои се погребувале старите Атињани
Во текот на столетијата типовите на некрополи завземале најразличен облик, па некои од нив ни се познати како: пирамиди, мавзолеи, тумулуси, крипти, катакомби итн. Подоцна, од средниот век па натаму како гробници почнале да се употребуваат цркви (како Пантеонот во Рим и Париз) и други најразлични монументи, за да во седумдесеттите години од дваесеттиот век еволуираат во нивната за сега најфинална верзија позната како меморијални паркови. Тоа е период кој се поклопува со нашето совремие кога за големите агломерации на градови со огромна популација, специјално се најмуваат архитекти за да проектираат урбан тип на некропола.
Вo Римскиот Пантеон се наоѓаат гробовите на италијанскиот крал Виктор Емануил II, неговата сопруга кралица Маргарита и синот Умберто I, потоа остатоците на сликарот Рафаел Санти, на архитектот Балдасаре Перучи и на музикантот Арканџело Корели.
*** SCVPI ***
Прв од сите локалитети на кој можам да си приспомнам, а кој ги носи каракетеристиките на се она што погоре го наведов погоре, е SCVPI во скопската населба Злокуќани. Некогаш место на богатиот римски плебс, денеска простор за распашана турбо-фолк клиентела, во гробната архитектура на Скупи, како кај ниеден град на територијата на Балканот од тоа време, може да се сретне несекојдневен склоп од различни елементи како и погребни обичаи со еден огромен временски дијапазон. Секој гроб во Скупи, прави приказна за себе. Провејуваат неодоливо мистериозните тајни прикаски за еден почитуван писар, за една незнајна кафеанска танчерка, за една еврејка необично погребана во оловен саркофаг, за еден учен скупски хирург…
Саркофазите од Скупи во Карпош 3
Со изградба на претходно споменатата населба, а особено со неконтролираното подигање на дивоградби врз и околу неа, оштетен е поголем дел од локалитетот и голем број на културни слоеви заедно со некрополите кои лежеле од сите четири страни на градот, групирани вдолж четирите главни патишта кои излегуваат од Скупи.
Заклучок:
Луѓето од древнините имале свои чувства и моменти на среќа, тага, грижа и возбуда. Но ние многу тешко допираме до тој духовен свет и единствен начин да осознаеме мал сегмент од нивните животи се токму предметите. Предметите зборуваат и нивното правилно толкување ни овозможува да разоткриеме дел од начинот на живот, верувањата и религијата на древните цивилизации, бидејќи една одломка од сакралното, ни дава слика за световното. Со секој уништен локалитет и секој откраднат предмет ги губиме нитките на деталите од нивните животни приказни.
Aрхеологијата пред се е наука чија основна цел е реконструкција на човековото минато во сите сфери од неговиот живот. Taa е комплементарна и не може да се проучува одвоено од некои други науки како етнологијата, антропологијата, историјата и др. Меѓутоа, понекогаш археолозите се забораваат дека таа се состои од трпеливо составување на животните мозаици од минатите цивилизации и оти тоа не е наука од која може туку така да се направи експлозивно show-and-story.
Some people find it very very scarry – digging it in a cemetery. Somethimes even I am overload with underworld, but hey, you know THAT`S MY JOB!!!
Клучни зборови: grave, polis, necropilis, architecture, Egypt , pyramids, Dipylon, Kerameikos, vases, krater, amphora, mausoleum tumulus, crypts, catacombs, Pantheon, Rome, Paris, Raphael, memory park, Scupi, Macedonia, гроб, полис, некропола, архитектура, Египет, пирамиди, Дипилон, вази, кратер, амфора, мавзолеј, тумул, крипта, катакомби, Пантеон Рим, Париз, Рафаел, меморијален парк, Скупи, Македонија.
[…] да ги oдгонетнат. Верувајте, колку и да звучи бизарно, не постои археолог кој не сака да копа гробови. […]
[…] пристапот до вредните информации, посебно оние кои се добиваат при ископување на некрополи. Најамногу поради фактот што овој закон го наложи […]
[…] Од мојот пост Зошто археолозите сакаат да копаат гробови? […]
[…] Од мојот пост Зошто археолозите сакаат да копаат гробови? […]
[…] Од мојот пост Зошто археолозите сакаат да копаат гробови? […]
[…] да ги oдгонетнат. Верувајте, колку и да звучи бизарно, не постои археолог кој не сака да копа гробови. […]
[…] […]