Home Консалтинг

Консалтинг

Инфо-табла во рамките на проектот за промоција на Бислимската клисура (с. Пчиња, Куманово)

Покрај научното истражување и едукацијата, во текот на мојата кариера многупати сум работела на проекти кои се однесуваат на консалтинг, поточно советодавање од областа на културното наследство, а нарачателите биле од домашниот и меѓународниот институционален или бизнис сектор.

Повеќето од овие проекти опфаќаат фокус кој сконцентрирани на одредени микрорегиони и насочени се развојот на локалниот туризам базиран врз наследството, а вклучуваат правење на стратегии, пишување на студии, мапирање и создавање на туристички рути, сѐ до создавање на содржина и поставување на информативни табли на локациите. Некои од проектите во кои се имам активно вклучени и завршија со успешна реализација се:

– Студија за мапирање на туристички рути во Североисточен плански регион. Центар за развој на СИПР, Куманово; БДС-Консалтинг, Скопје, 2014

– Бислимска Клисура, потенцијал за равој на алтернативен туризам во Североисточниот плански регион: Изработка на Студија за валоризација на природни и културни потенцијали во Бислимска Клисура во функција на туристички развој со идејно урбанистичко решение на потег од 7 км по течението на Клисурaта, Центар на СИПР, Куманово, 2014

EPR - strategy for tourism 2
Стратегија за развој на туризмот во ИПР

– Туристичко уредување на Бислимската клисура – I – поставување на информативни табли. Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија – Општина Куманово, 2014.

– Стратегија за развој на туризмот во источен плански регион со акционен план (2016-2024)”, Центар на ИПР-Штип; Раководител на експертски тим при конзорциумот: Идеа ОК-БДС Консалтинг, Скопје, 2015.

– Консултант во проектот Triple-P Tourism in SEE: Promotion, Policy, and Pilots; Regional Cooperation Council, 2018-2021.