Home Антропологија Повик за научни трудови: Haemus Journal Vol.2 (2013)

Повик за научни трудови: Haemus Journal Vol.2 (2013)

2,875 views
0

Во тек е пријавувањето на научни трудови за вториот број на ‘Хаемус, академско е-списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кое исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Целта на ова списание е да се соберат и на едно место да бидат објавени најновите достигнувања во областа на балканската историја и археологија, како во однос на методологијата, така и од аспект на содржината.

HAEMUS Journal – Call for Papers 2013

Излегувањето на првиот број на Haemus Journal (2012) беше од огромно значење за нашата археологија и историја, ако се знае фактот дека во Република Македонија едвај и да постојат научни списанија каде на англиски јазик сите професионалци и љубители на културното наследство би дознале за најновите ископувања и истражувања од територијата на нашата држава.

Списанието Хаемус е публикација на ‘ХАЕМУС‘ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје. Kвалитетот на статиите, како и сериозниот и темелен пристап на соработниците, веќе предизвика интерес во академската заедница која се занимава со историографија. Како основач/сопственик на Haemus journal, се надевам дека тоа ќе помогне да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка помеѓу колегите од Република Македонија, со колегите од Балканот и од светот.

HAEMUS journal Vol.1 (2012)
Cover photo

Првиот број на списанието Haemus Journal може да се превземе преку директен линк на официјалната веб страна како комлетен фајл, а секоја од научните статии може да се симне како посебен фајл во .pdf и .djvu :

Линкhttp://haemus.mk/haemus-journal-vol-1-2012/

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here