Стариот свет имал свои ,,Седум светски чуда“. Во нив спаѓаат:
Висечките градини во Вавилон – The Hanging Gardens of Babylon
Колосот од Родос – The Colossus of Rhodes
Мавзолејот во Халикарнас – The Mausoleum at Halicarnassus
Светилникот во Александрија – The Lighthouse at Alexandria
Пирамидите во Гиза – The Pyramids at Giza
Статуата на Зевс – The Statue of Zeus
За жал, сите овие споменици освен Пирамидите во Гиза, изчезнале. Храмот на Артемида (крај Ефес во Турција) од кој денес може да се види само еден столб, го запалиле Готите во 262 год. од н.е. Висечките градини во Вавилон изградени од кралот Набукодоносор околу 600 год. п.н.е. со висина поголема од 110 м., денеска се само руини. Бронзената статуа – Колосот од Родос, висока околу 45 м. подигната на истоимениот остров а посветена на Хелиос – богот на Сонцето, ја урнал земјотрес во 224 год. п.н.е. Од Мавзолејот во Халикарнас (денешен Бодрум, Турција) датиран во 353 год. п.н.е., една од најраскошните архитектонски градби во минатото, останале само темелите. Светилникот во Александрија на островот Фарос изграден околу 283 год. п.н.е чија висина се проценува на околу 150 м., служел 1500 години како ориентир на бродовите кои влегувале во пристаништето. Бил уништен од земјотрес, а со подводните археолошки истражувања во 1997, се претпоставува дека е пронајден. Статуата на Зевс во Храмот во Олимпија, создадена од рацете на можеби еден од најславните грчки вајари – Фиди(ј)е била висока 12 м. Имала облека од злато, раце и лице од слонова коска, а очи од скапоцени камења. Претпоставувате дека од неа денеска нема ни трага.
Сепак морам да напоменам нешто. Кога се бирале седумте светски чуда во стариот свет, не се водело сметка за многу работи. Не знам дали ви е познат фактот дека најмногу пирамиди по метар квадратен нема Египет…туку Нубија, које е денеска дел од Судан. Тоа што Египетските пирамиди влегле во Светските чуда на Стариот век би рекла дека е повеќе работа на ограничениот светоглед на старите народи, кои практично го забележале само она што го виделе. Т.е. онаму до кај што виделе. Што ќе се сложите дека е малку чудно, со оглед на локацијата на Судан.
Од мојот пост: Судан: Земја на Пирамидите
Но ете, по 2200 години, на 07.07.2007 во Лисабон, Португалија, ќе бидат избрани новите седум светски чуда. Услов некое здание да влезе во оваа трка е да е изградено пред влезот во 21 век, значи пред 2.000 година. На страниците на Утрински весник до сега беа представени четиринаесет (1,2) од 21 предложен кандидатит, а остатокот можете да го погледнете на официјалниот web site. Таму ќе најдете попис на локалитетите за кои коже да се гласа, како и временскиот редослед кој споменик кога е номиниран.
Некако успеав да ја сложам табелата со сликите од сите представници кои се во потесниот избор за наградата Ново светско чудо. Единствено ги испуштив Пирамидите во Гиза, од причина што влегле во стариот избор, но повторно се ставени во конкуренција.
Инаку за овој избор може да се гласа on line, но пред да се одлучите за некој од кандидатите, треба официјално да се регистрирате. На симпатичниот web site покрај информациите за сите споменици проследени со референтни линкови, видеа, галерии на слики, поставена е и песната која е компонирана во чест на овој настан.
Па драги блогери, пријатели, читатели и љубители на културата и културното наследство. Вашето мисење се брои, исто како и гласовите на преку 20 милиони корисници на Интернет кои досега гласале. Културните светски добра се нашата иднината. Затоа, помогнете да се направи историјата… На Новиот Свет.
Кој би бил вашиот избор?
п.с. Оваа статија може да ја превземе било кој од порталите. Условот е само да ја почитува лиценцата под која ги објавувам написите. :). Текстот беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот razvigor. За статијата можете да гласате тука.