Home Археологија Археолошките откритија се темпираат според дневните потреби

Археолошките откритија се темпираат според дневните потреби

5,802 views
0

Ова е насловот на статијата од весникот Време, по повод некои археолошки откритија кои се презентираат во медиумите, пред да бидат научно публикувани.  Kако официјален повод на овој текст беше неодамна пронајдената ламба со претстава на божица, на локалитетот Цареви Кули, а подолу се наоѓа мојата изјава:

Археолозите велат дека објавувањето одреден археолошки наод многу тешко може да се темпира во согласност со политичките настани на една земја.

Во светот постојат илјадници ископувања на кои се откриваат огромен број артефакти, кои постојано се објавуваат во медиумите, или се публикуваат во книги. Културното наследство им припаѓа на сите и со него се засегнати дури и региони на кои тоа не се однесува директно, па не може однапред да се предвиди каков ефект ќе имаат одредени наоди врз локалната или во глобалната политичка ситуација. Според законот во која било земја, па и во Македонија, раководителот на едно ископување има право да донесе одлука кој наод ќе го презентира во јавноста, пред тој официјално да биде публикуван во научен труд – вели Василка Димитровска, археолог и граѓански активист во полето на културното наследство.

Линк: http://bit.ly/9fS2Fl

Ламба со претстава на Атена од 3 в. н.е.
Проектот Немеja (лево), Цареви кули (десно)

Написот во весникот Време ми се виде малку тенденциозен, во поглед на фактот што за изјави во врска со културно налседство (во поднаслов читај археологијата) е оттстапен дури и преголем простор на луѓе кои реално не работат со него. Немам ништо против тоа културолозите да даваат изјави, бидејќи и тие се засегнати со оваа сфера (како и сите други луѓе на целата земјина топка впрочем), но имам легитимно право јавно да го изразам своето мислење во тој поглед дека пред се треба да се консултираат стручњаците кои работат од таа област, а се далеку од опсегот на медиумите: конзерватори, реставратори, кустоси, други колеги археолози и т.н.

Инаку, мора да признаам дека сум искрено разочарана, бидејќи од моментот на објавувањето на веста за ламбата и овој напис во Време, се случија некои други работи кои го допреа проблемот што неколку пати до сега го имам елаборирано детаљно и на сајтот и на блоговите. Пронајдокот на доцно-античката лампа на Цареви Кули во Струмица повторно го отвори прашањето за давањето на изјави во јавноста од страна на луѓето кои работат во сферата на културното наследство. Веројатно се’ сум кажала ако повторно го акцентирам мотото на Археоблог, кое во позадината на моите белешки гласи:

“Да не постоеше мојот здрав разум и неспремноста на компромиси само поради сензации, немаше да постои толку години ни овој блог“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.